Достапни линкови

Продлабочување на економската соработка


Потпишувањето договор со властите на УНМИК ја навести неодамна косовскиот министер за економија и финансии Али Садрија кој за само неколку месеци два пати ја посети нашата земја. Целта за потпишување на ваков договор со УНМИК како што велат македонските власти е продлабочување на економската соработка и унапредување на развојот на трговската соработка, подигнување на животниот стандард, подобрување на можностите за вработување и зголемување на продуктивноста и на финансиската стабилност. Но, сепак како главна причина за донесувањето на одлуката за потпишување договор за слободна трговија зо властите на УНМИК како што вели заменик министерот за економија Ракип Дочи била намерата на косовските власти од јануари 2005 година да воведат царина за македонинските производи:

„После вчерашната одлука на владата, многу брзо ќе почнат преговори меѓу двете експертски групи, каде што ќе бидат усогласени точките на таа времена спогодба. Веруваме дека доколку во преговорите нема големи разлики, ние сме убедени дека тој договор може да биде потпишан и пред Нова година.“

Инаку досега според неофицјални податоци Трговската размена меѓу Македонија и Косово изнесува 130 милиони долари годишно. Неофицјални бидејки Македонските власти не воделе одвоена статистика за трговската размена со Косово бидејќи сите податоци во министерството за економија се воделе во согласност со договорот за слободна трговија потпишана меѓу Македонија и Србија и Црна Гора. И покај тоа што неодамна министерот за финасии Никола Поповски изјави дека Трговската соработка со Косово и понатаму ќе се одвива во согласност со постоечкиот договор потпишан со СЦГ сега во владиното образложение се вели дека поптишувањето Договоро со УНМИК е во согласност со принципите соджани во Меморандумот за разбирање за либерализација и олеснување на трговијата на земјите од Југоисточна Европа.

Материјали за градежништво, хемски производи и прехрамбените од Македонија се најприсутни на косовскиот пазар. Маедонскиите сопаственици за атрактивноста на косовскиот пазар велат:

„Извезуваме значајни количини таму. Општата оценка е, задоволни сме и сметаме дека има простор за македонските производи таму. Самата близина го наметнува тоа. Ако немаме договор за Слободна трговија ќе бидеме неконкурентни со други кои имаат слободна трговија таму.“

изјави Савка Димитрова директор на фабриката за чоколади „Европа“, македонско претпријатие ко има традиционална соработка со Косово.
XS
SM
MD
LG