Достапни линкови

Можна нова светска трка во вооружувањето?


Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија развива нова генерација нуклеарни проектили, многу понапредни од оние што досега ги поседуваат другите земји. Многумина налитичари веднаш изразија загриженост дека би можела да почне нова светска трка во вооружување. Меѓутоа, Соединетите Држави соопштија дека не се загрижени од новите проекти на руската армија.

„Ние ќе продолжиме со постојаното унапредување на оружените сили, вклучувајки ја и нуклеарната компонента. Успешно тестиравме нова генерација на нуклеарни проектили, кои ги нема ниедна друга земја.“

Изјави во Москва рускиот претседател Владимир Путин, не соопштувајки други детали. Веднаш се развија дебати зошто Путин ова го објави и какви се наредните чекори што би можел да ги превземе. Московскиот аналитичар Павел Фелгенхауер оценува дека изјавата на Путин, пред се, била порака до руската јавност дека Русија и натаму го има статусот на голема сила. Таквата порака, според него, е потребна поради неуспесите на руската армија во Чеченија и зачестените терористички напади во земјата.

„Кавлитетот на нашите сили, вклучувајки ги и нуклеарните, е дискутабилен. Тоа е причината зошто Путин и Министертвото за одбрана зборуваат за големи достигнувања и и кажуваат на јавноста дека сеуште сме моќна земја.“

Стефан Бланк од воениот Универзитет во Пенсилванија се согласува со таквите мислења и додава дека на Русија не и требаат такви проектили сега кога Соединетите Држави не им се непријатели, а и не се во согласност со новите безбедносни закани, како што е тероризмот. Според Фелгенхауер, станува збор за проект од 80-тите години кој всушност беше одговор на стратегијата на Роналд Реган за одбрамбен систем наречен Војна на ѕвездите. Руските проектили всушност би требало да ги избегнуваат анти-балистичките проектили. Фелгенхауер оценува дека можеби е точно дека ниедна друга земја не развива такви проектили од едноставна причина што Соединетите Држави немаат потреба за такво нешто. Портпаролот на Стејт Департментот Адам Ерели изјави дека на овој нов руски проект не се гледа како на безбедносна закана.

„Ние не гледаме како на закана на руската нуклеарна модернизација и она што го прават е конзистентно со заедничките обврски од Московскиот договор.“

Според Московскиот договор Русија и Соединетите Држави се обврзаа на намалување на стратегиските нуклеарни проектили за две третини до 2012 година, но и двете земји имаат право залихите да ги рекомпонираат.
XS
SM
MD
LG