Достапни линкови

Обвинителството и МВР треба да поведат постапка


Укажувањата на Хари Костов при образложение за оставката дека има корупција во редовите на министрите од ДУИ, како и информациите во јавноста за корупција во министерството за економија и култура се основа за покренување постапки за испитување на овие случаи од надлежните органи, сметаат експертите. Костов посочуваат тие требало да интервенира уште во времето кога беше министер за внатрешни работи

„Тој како министер меѓу другото имаше обврска да создаде посебно одделение за борба против корупцијата. МВР веќе две години се реформира, а јас немам информации дека е формирано вакво одделение. Зборуваме за структурална поставеност на органот најповикан за сузбивање,“

изјави професорот на Правниот факултет во Скопје Никола Тупанчески кој посочува кои институции сега треба да реагираат:

„Постојат надлежни институции, јавното обвинителство, МВР, тука е државната комисија за спречување на корупција. Најмалку што во моментов може да се направи е да се провери вистинитоста на тие информации.“

Од Државната антикорупциска комисија пак информираат дека овие случаи ке бидат предмет на разгледување:

„По сила на ингеренциите овластен е тоа да го стори еден од државните органи е и Антикорупциската комисија. Ние ќе треба да работиме на собирање материјали и проверка на некои сознанија дали некој се однесува коруптивно.“

изјави Јован Трпеноски претседател на комисијата кој вели дека од сознанијата до кои што ке дојде оваа институција ке зависат натамошните постапки

„Комисијата прво ќе ги разгелда материјалите, и ќе оцени дали има корупција, каде и во кој домен, и ќе постапи во согласност со ингеренциите.“
XS
SM
MD
LG