Достапни линкови

Партискиот сегмент преовладува пред професионалниот


Иако Македонија има искуство со непартиски луѓе да застанат на чело на Владата сепак околностите во кои се наоѓа нашата земја налагаат речиси секогаш премиерот да произлезе од најбројната парламентарна партија. Во Македонија поголеми вредности има партискиот сегмент отколку професионалниот сметаат експертите:

„Мислам дека тоа е долг процес, од причина што и државите коишто имаат големо искуство во демократијата, во Владта мора да владее политичко владеење. Кај нас повеќе функционира партискиот, отколку професионалниот сегмент. Мислам дека е нереално, кај нас, да имаме на чело на владата, човек кој е надвор од партиите,“

изјави политикологот Мерсел Биљали.

Повеќе партиската демократија не може да се учи за кус временски периоди имајќи во предвид што Македонија брои само 14 години од политичкиот плурализам е ставот на Тито Петковски од СДСМ:

„Прво, поради политичката култура, односно некултура, второ поради отсуство на традиција и трето поради овој невиден натпревар на политичките партии меѓу себе, којшто во втор план ги ставаат и националните и државните интереси.“

Секоја партија во земја се бори да стигне до власат и потоа во клучните места постови свои проверени кадри и затоа за Иљаз Халими од ДПА нелогично е непартиска личност да ја води Владата:

„Најдобро е да се владее со свои проверени кадри, кои се способни да ја спроведат програмата и платформата. Не може секогаш не партиски човек да се согласува со политичката платформа на партијата што го предлага за премиер.“

Слободан Чашуле од ВМРО-ДПМНЕ во прашање е зрелоста на едно општество да создаде политички сили кои ќе бидат автетични преставници на социјални структури или класи во Земјава

„Кај нас партиите се сеуште лични бреднови на нивнит лидери. Затоа имавме два неуспешни експерименти со премиери кои не беа лидери на политички партии. Мандатот не го добива личност, туку партијата со најголем број пратеници.“
XS
SM
MD
LG