Достапни линкови

Сеуште не се знае дали сите партии ќе учествуваат


Опозициските партии, потписници на Рамковниот договор, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА; сеуште без став, во врска со поканата на претседателот Бранко Црвенковски за лидерската средба, на која би требало да се усвои заедничка декларација, со која ќе се изрази цврстата волја и решеност, Македонија да продолжи да чекори по патот на стабилноста, демократијата, меѓуетничката толеранција и целосното интегрирање во ЕУ и НАТО. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ лично попладнево ќе го соопшти лидерот на партијата Никола Груевски. Додека, во ДПА партиските органи ќе решаваат дали да се учествува на оваа средба закажана за утре:

„Тоа ќе се одлучува во органите на партијата. Барем до сега немаме став за тоа,“

изјави порпаролот на партијата Сулејман Рушити.

За разлика од нив, лидерот на ПДП Абдулменаф Беџети веќе го потврди присуството на лидерската средба:

„Денеска потврдуваме дека лидерот на ПДП ќе учествува на овој мини самит кај претседателот на репулбиката и декларацијата што е предмет на разгледување ќе биде разгледана и тој ќе има свои предлози за таа да биде поефективна за примена во пракса во иднината,“

изјави портпаролот Кенан Алиу.

Во владеачката СДСМ пак, сеуште не е познато кој ќе ги претставува на оваа средба, но сигурно ќе биде еден од потпретседателите, вели портпаролот Борис Кондарко:

„Секако сметавме дека идејата на претседателот е апсолутно корисна и прифатлива и во секој случај ние ја прифаќаме поканата за средбата и ќе учествуваме на средбата. Сметаме дека ваквите постапки и чекори на претседателот, се вистинскиот начин како треба да се решаваат прашањата во иднина и во кој правец треба да се движи Република Македонија.“

На средбата е извесно дека ќе учествува и лидерот на ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ, Али Ахмети
XS
SM
MD
LG