Достапни линкови

Поддршка за напорите за приближување кон евро-атлантските структури


Со цел уште еднаш да даде поддршка за напорите на Македонија за приближување кон евро-атлантските структури, денеска во посета на Скопје е високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана. По одржувањето на референдумот, на којшто граѓаните се изјаснуваа за новиот закон за територијална поделба, Солана денеска со порака до политичарите во земјава дека треба да продолжат со имплементација на Рамковниот договор:

„Како што знаете Солана беше вклучен во составувањето на Охридскиот рамковен договор и неговата порака постојано е поддршка за народот во Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Тој верува во перспективите на Македонија и со неговата посета сака уште еднаш да и даде поддршка на земјата во нејзиниот пат кон евро-атлантските интеграции и тоа да го стори по одржувањето на референдумот,“

изјави Шина Томсон од канцеларијата на ЕУ во Македонија, од каде пак, вчера со оценка, дека резултатите од референдумот јасно покажуваат дека граѓаните избрале да останат на патот на интеграција во евро-атлантските структури и дека на овој начин се поддржува Охридскиот рамковен договор и се афирмира фактот дека предизвиците на имплементацијата може да се надминат.
XS
SM
MD
LG