Достапни линкови

Лидерска средба во Охрид в среда


По одржувањето на референдумот, а со цел да се демонстрира единство, претседателот Бранко Црвенковски со предлог, претставниците на политичките партии во власта и оние од опозицијата, заедно со меѓународниот фактор, да потпишат декларација:

„Во среда, на 10-ти ноември во Охрид, на заедничка средба ги поканувам лидерите на политичките партии, потписнички на Рамковниот договор, ДУИ, претставник на политичките партии што ги претставуваат помалите етнички заедници во Република Македонија, како и претставниците на ЕУ и САД. На оваа средба, предлагам да се разгледа и усвои заедничка декларација, во која ќе ја изразиме цврстата волја и решеност, Македонија да продолжи да чекори по патот на стабилноста, демократијата, меѓуетничката толеранција, на патот, кон целосното интегрирање во ЕУ и НАТО,“

изјави Црвенковски.

Со оценки за референдумот излегоа, како меѓународните, така и домашните претставници. Референдумот, помина главно во согласност со стандардите за изборни процеси на ОБСЕ и Советот на Европа, оценуваат од ОДИХР:

„Референдумскиот ден беше спроведен во мирна и уредна атмосфера. Го поздравуваме фактот што референдумот се одржа со само неколку изолирани инциденти,“

изјави шефот на мисијата Фридрих Бауер.

Во заедничката изјава на претставниците на ЕУ, САД, ОБСЕ и НАТО се вели дека резултатите од референдумот покажуваат дека граѓаните избрале да останат на патот на интеграција во евро атлантските структури, но оти во таа насока треба да се завршат уште многу работи:

„Ги повкуваме сите партии заеднички да работат и да ја фокусираат енергијата во постигнување на заедничката цел имплементација на Рамковсниот договор, интеграција во НАТО и ЕУ, како и реформите во судството и економијата,“

изјави Шина Томсон, портпарол на ЕУ.

И премиерот Хари Костов со оценка дека референдумот поминал во фер и демократска атмосфера и оти граѓаните донеле вистинска одлука, тој рече:

„Практичниот дел од референдумот значи, дека ќе се применуваат законите за територијалната организација на општините и на градот Скопје што летово ги донесе собранието на Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG