Достапни линкови

Според ДИК, до 16 часот, одзивот 15,4 насто, според МОСТ 21 насто


Одзивот на гласачите на референдумот до 16 часот според обработените 61 насто од добиените оподатоци изнесува 15,04 отсто, соопшти Државната изборна комисија:

„Обработени се податоци за 61,22 насто од гласачките места, гласле 15,04 насто,“

изјави портапаролот на ДИК Зоран танневски. Додека од Невладината организација Мост информираат дека според нивните податоци до 17 часот одзивот на гласачите изнесува над 20 насто:

„Одзивот на граѓаните врз основа на податоци добиени од територијата на цела Република Македонија до 17 часот е 21 насто. Сите податоци што ги објавува МОСТ се од територијата на цела Република Македонија, односно и од местата каде што не се гласа,“

изјави портпаролот на оваа организација Славица Биљарска. ДИК пак останува на ставот дека остворени се сите 2973 избирачки места:

„До ДИК нема информации дека некое гласачко место не е отворено.“

Прелиминарните резултати од референдумот, односно одзивот на гласачите ќе бидат соопштени околу полноќ, а за тој да биде успешен согласно Законот за референдум потребно е на гласање да излезат над 50 насто од избирачите. Додека вториот цензус за негова успешност предвидува мнозинството од граѓаните кои излегле на гласање позитивно да се изјаснат за референдумското прашање.

Координативното тело за поддршка на референдумот сопшти за повеќе гласачки места кои не биле воопшто отворени како и прекршување на молкот пред референдумот.

Инаку, текот на гласањето го следеа голем број домашни и меѓународни наблудува, а како и вообичаено во текот на утрешниот ден со своја оценка за референдумското гласање се очекува да излезе и ОДИХИР Канцеларијата за човекови права и демократски институции при ОБСЕ.

Конечните резултати од референдумското изјаснување ДИК согласно законот за референдум треба да го соопшти најдоцна 48 часа по добивањето на резултатите од гласањето.
XS
SM
MD
LG