Достапни линкови

До сега проблеми само во кумановско


Според посдатоците на ДИК досега проблеми се забележани само во Кумановскиот регион каде две гласачки места откако биле отврени повторни се затворени

„Официјално освен за Отља, каде што две гласачки места биле отворени, па затворени, и кадешто претставници од општинската изборна комисија, отидоа да проверат каква е состојбата таму, за друго место нема информација дека има некакви проблеми и непревилности.“

Изјави портпаролот на ДИК Зоран Таневски. Претходно, невладината органзација „Мост“ која оперира со околу четири илјади наблудувачи на теренот информира дека не се отворени уште четири други гласачки места.

„Избирачките места 1087 Баново Трло Куманово, 0433 и 0434 Балин Дол Гостивар и 0513 Долна Ѓоновица, Гостивар не се отворени,“

изјави портпаролот на оваа организација Славица Биљарска. Но, од ДИК велат:

„Да, отворени се и гласањето според информациите од теренот, сеуште се одвива.“

Гласачките места како и вообичаено ќе бидат затвотрени во 19 часот а, според постоечкиот закон за реферндум тој е успешен само доколку на гласање излезат над 50 насто од избирачите. Додека вториот ценсус за негова успешност предвидува мнозинството од граѓаните кои излегле на гласање позитивно да изјаснат за референдумското прашање.

За разлика од претходните изборни процеси во земјва, интересот на невладиниот сектор, и меѓународните организации да го наблудуваат референдумот е поголем. Вкупно 13 домашни и странски организации го наблудуваат референдумот со над 10 илјади монитори.

Ден пред референдумот своето право на глас го искористија војниците, затворениците, раселените и болните изнемоштени лица. Пополнетите избирачки ливчиња на овие категории граѓани ќе се бројат заедно со другите по завршувањето на референдумот.

ДИК го утврдува и објавува резултатот од референдумот во рок од 48 часа по добивањето на резултатите од гласањето на референдумот.
XS
SM
MD
LG