Достапни линкови

Резултат збунетост на граѓаните


Обвинувања, бомбардирање со спротивставени пораки во кои доминира некултивирана реторика, најави за притисоци врз граѓаните, повторно разидинување на опозцијата, ова е атмосферата што кулминира меѓу учесниците во кампањата во последната недела пред граѓанското изјаснување за законот за територијалната организација и резултира со реакција на збунетост мегу граѓаните и спласнување на првичната енергија околу единственоста на референдумот. Коментирајќи го ефектот на ваквото заострување на референдумската кампања врз граѓанското изјаснување, експертите со оценка:

„Заострувањето на комуникацијата, во кој нема никаква култура на дијалог навистина, воопшто култура на комуницирање, така што мислам дека реално граѓаните се повеќе се заситени, така што, ако референдумот се одложи за 7 декември, сосема е сигурно дека не само што никој нема да излезе, туку никој не би ги ни слушал, ниту позицијата, ниту опозицијата,“

вели професорот на Филозофскиот факултет Ферид Мухиќ. Пред самиот крај коментирајќи ја кампањата околу референдумот, и целата еуфоричност и жестокост во која таа измина, профессор Лидија Христова од Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, вели:

„Во зависност од кампањата, и жестоките обвинувања, влијаат на менувањето на расположението на гласачкото тело. Исто така, има податоци дека се вршат и нешто повеќе од она што е легитимна кампања, големи притисоци врз граѓаните, конкретни, коишто не можеме да ги вброиме во една демократска кампања.“

Лоцирајќи го проблемот за ваквиот збунувачки ефект врз граѓаните, во која опонентите се изгубија во „лавиринитите на меѓусебно обвинување“, профессор Христова додава дека меѓу другото тое е резултат и на „недостатокот на цврсти аргументи во бранењето на ставот околу територијалната организација, посебно кај едната страна,“:

„Има многу малку аргументи во оваа кампања, вистински аргументи за предлогот, а премногу лоша политизација на состојбите, во смисол, ова или она ќе се случи, без да се дадат аргументи,“

заклучува проф. Христова.
XS
SM
MD
LG