Достапни линкови

Државните институции во Македонија немаат капацитет да одговорат на барањата на граѓаните


Државните институции во Македонија немаат капацитет да одговорат на барањата на граѓаните, како и на предизвиците со кои што се соочуваат. Проблемот е во тоа што од осамостојувањето на земјава постои висок степен на партизација во овие органи, сметаат аналитичарите во земјава:

„Македонија е слаба држава, во смисла дека не е во состојба да испорача сервис на граѓаните. И јасно е дека тој тренд иако има извесни подобрувања, го нема фатено тоа неопходно забрзување за излегување од кризата во која се наоѓаме,“

вели Сашо Орданоски од Форум центарот за стратегиски истражувања.

Зоран Јачев од Транспарентност Македонија посочува дека многу е веројатно оти капацитетот не може да дојде до израз поради партиското влијание

„Или луѓето што се квалитетни во администрацијата не можат да ги кажат своите идеи коишто се позитивни и добри, зашто партискиот филтер не го пропушта тоа. Или самите квалитетни луѓе во администрацијата не можат да ги искажат своите идеи, зашто се плашат дека некој ќе им забележи за тоа. Жртва на крајот се реформите и квалитетот на живеење во Република Македонија.“

Според Орданоски прашањето за капацитетот на институциите дополнително ке се заостри по одржување на референдумот без разлика каков ке биде успехот на референдумот

„Што потоа? Власта мисли дека ќе биде исто како и пред тоа, па не нуди иницијатива за тоа што потоа. Во суштина, власта се занимава со менаџирање на кризи, а не со носење политички опции.“

Јачев укажува дека надлежните мораат да долгорочно да гледаат на работите и се должни да им дадат објаснување на граѓаните

„Нашите политички опции во Република Македонија се однесуваат како слаби ученици и студенти или се однесуваат според народната – купи ден, помини.“
XS
SM
MD
LG