Достапни линкови

Важно е спроведувањето на демократски начин


За време на повеќето посети на Македонија во текот на октомври како онаа на американскиот државен секретар за одбрана Доналд Рамсфелд, еврокомесарот Крис Патен и други, во земјава беше посочено дека во случај на позитивен резултат на претстојниот референдум ке има негативни последици. Според нив клучна за Македонија е имплементацијата на охридскиот охридскиот договор, а законот за територијална поделаба е дел од него.

Меѓународните претставници во земјава неговорејќи за исходот на референдумот, велат дека за развојот на демократијата во земјава е многу важно денот на гласање да помине во мирна и фер атмосфера.

„Тоа е екстремно важно за Македонија, процесот на гласање мора да помине според демократските вредности, бидејќи тоа говори многу за земјата.“

„Неговорејќи за резултатите од претстојниот референдум, ниту можните последици од овие резултатит важно е се да се одвива според принципите на демократијата. Затоа во земјава на денот на гласањето ќе има и набљудувачи.“


изјавија Шина Томсон од Европската унија и Максим Филандров од ОБСЕ.

За претстојниот референдум, Фридрих Бауер, шеф на набљудуавачката мисија на Организацијата за демокртаски институции и човекови права при ОБСЕ вели:

„Резултатот на референдумот за нас не е важен. За нас сеедно е дали одговорот на референдумското прашање е негативен или позитивен. Ние секако ке го прифатиме. Она што е основна наша цел е референдумот да биде спроведен на демократски и фер начин.“

Дека е важно дали референдумот да се одвива мирно смета и професор Добринка Тасковска од Правниот факултет

„Мојата проценка е дека суштината е референдумот да се одвива мирно и демократски и дека резултатите од референдумот, мора да ги прифати ЕУ и ќе ги прифати. Точно е дека начинот на кој ќе се одвива референдумот ќе влијае на евро интеграциите, но сепак е тоа демократско право, демократско изјаснување, проблемот е кај елитите што многу чудно го водеа процесот на преговарање и ЕУ по завршувањето на референдумот, ако не е етнички обоен, ако излезат на виделина аргументите на оние што се на страната на референдумот, тогаш работите нема да бидат негативни за Македонија.“
XS
SM
MD
LG