Достапни линкови

Како Европа ќе реагира на резултатите од изборите во САД?


Ден по гласањето или како Европа ќе реагира на резултатот од американските претседателски избори. На ова се однесува анализата на Џејнс Форин Рипорт во која, се наведува дека секоја европска влада веќе се подготвува на брза реакција, ден откако ќе биде познато кој ќе биде нов американски претседател. Еве ги можните реакции на трите клучни европски држави, Британија, Франција и Германија.

Британија:

Ако победи Буш, премиерот Блер не треба да прави ништо. Но, молчењето ќе биде содржајно. Советниците на Блер калкулираат дека победата на Буш ќе го оправда британското сојузништво со Соединетите Држави и индерктно ќе го зацврсти обидот на Блер повторно да биде избран на гласањето најавено за мај идната година. Победата на Буш, како што пишува Џејнс Форин Рипорт, ќе значи и поцврста позиција на Блер спрема припадниците на левото крило во неговата партија кои ќе треба да признаат дека ќе мора да се соочат со уште еден четиригодишен бушов мандат во Белата Куќа. Доколку победи Кери, ситуацијата за Блер ќе биде покарактеристична. Најпрвин, поради тоа што е за очекување оние политичари кои биле за војната во Ирак да бидат казнети од електоратот. Дотогаш Блер ќе се обиде да издејствува состанок со Кери на кој пак, во почетокот на неговиот манадат и натаму ќе му биде потребно британското присуство во Ирак.
Франција:

Ако победи Буш, претседателот Ширак ќе молчи, безбеден во знаењето дека на американците им треба соработката со Франција. Во меѓувреме, французите ќе им порачуваат на европските сојзници да ги зацрвстат интеграциските процеси со цел да застанат наспроти Соединетите Држави. Ако победи Кери, Франција ќе ги забрза чекорите. Ширак ќе каже дека неговата антивоена политика била оправдана и ќе му понуди помош на Кери за да издејствува мисија на Обединетите Нации во Ирак во која би биле вклучени и француски војници. Сепак, французите ќе мора да останат претпазливи бидејќи знаат дека и покрај победата на Кери, американскиот Конгрес и натаму ќе биде под контрола на бушовите републиканци. Тука е и страхувањето на Париз дека би можело нов државен секретар да стане Ричард Холбрук кој е добро познат по тоа што не соработува со некои европски влади.

Германија:

Од сите европски држави, Германија најмногу би загубила доколку победи Буш. Владата на канцеларот Шредер не ќе биде во можност да ги закрпи нејзините односи со Вашингтон и ќе остане изолирана во трансатланските односи. Германските опозициони партии ќе ги зголемат критиките против канцеларот кој ќе треба уште две години да живее во замрзанати релации со Вашингтон. Од друга страна, ако победи Кери германците би можеле најмногу да добијат. Во таков случај, Шредер ќе претставува одлична можност за обновување на односите меѓу Берлин и Вашингтон и за потребната помош во Авганистан и за идната мисија во Ирак, се вели во анализата на Џејнс Форин Рипорт.
XS
SM
MD
LG