Достапни линкови

На 7-ми ноември останете дома


Откако комисијата за надворешна политика на британскиот парламент во рамките на расправата за политиката на земјата кон Западен Балкан констатираше дека со рефередумското изјаснување Македонија повторно влегува во период на политичка напнатост, секретарот за европски прашања Денис Мек Шејн во рамките на неговата балканска турнеја го посети Скопје. Базирајќи ја својата порака на впечатокот на комисијата дека граѓаните на Макеоднија не се свесни за големата опасност што рефередумот ја има за иднината на земјата Мек Шејн порача:

„Британија сака Македонија да го задржи својот курс кон полноправно членство во Европската Унија, да нема проблеми со патувања на граѓаните, со инвестициите. Затоа искрено се надеваме дека гласачите во Македонија на рефередумот што е демократско право на Макеоднија ќе сфатат оти секој глас кој е против договорот од Охрид е глас против подобрата иднина на Макеоднија. Секоја земја има мошне едноставен избор или ќе го свртите часовникот напред или назад. Ние мислиме дека доколку луѓето гласаат ќе го свратат часовникот наназад за Македонија, а тоа не е насока во која ние би сакале да ја видиме,“

изјави Мек Шејн. Британскиот дипломат што во очи претседателските избори ја посети Макеоднија и ги потсети новинарите за големата одговорност да го охрабрат секој граѓанин на Макеоднија да гласа, сега со поинаков став:

„Во недела на седми останете дома и размислете каква порака сакате да му исратите на светот. Не гласањето е исто така демократска одлука, негласањето е исто така добар начин да се испрати политички сигнал, како и самото гласање.“

Истовремено тој ја изрази подготвеноста на Британија да помогне во решевањето на клучните прашања за земјава, за прват во тој пакет споменувајќи го спорот за името:

„Сакаме да помогнеме во прашањето за името, со олеснувањето на визниот режим, со доаѓањето на ивестициите, вработувањето на младите и сите се надеваме дека сигналот што ќе дојде од Македонија ќе биде да за подобра иднина, а не враќање кон минатото“
XS
SM
MD
LG