Достапни линкови

Замрзнување на децентрализацијата и нови транспарентни разговори


Мораториум во рок од една година за нов законски проект, и вракање по автоматизам на законот за општинските граници од 1996 година, предвидуваат законските одредби во случај на успешно граѓанско изјаснување.

Најпрактичино во таа една година е целиот процес на децентралзиација да биде замрзнат, а во тие 12 месеци по завршувањето на референдумот, владеачката гарнитура, да започне нови транспарентни разговори вклучувајќи ги сите субјекти за донесување на нов закон за територијална организација, објаснува доцент Тања Каракамишева од Правниот факултет:

,,Во рок од една година можно е да се отпочнат нови преговори кои ќе соодветствуваат на интересите на граѓаните,“

Каркамишева толкувањето дека е најпрактично процесот на децентрализација во рок од една година да биде замрзнат, го објаснува со неможноста, останатите донесени закони од пакетот за децентралзиација како што предвидува една од опциите, да бидат функционални во услови на стара општинска поделба. Неможе вели Каракамишева, на старите општини според поделбата од 96-та, да им бидат пренесени новите надлежности за финансирање на локалните единици, согласно законот кој веке е донесен во Собранието.

,,Едноставно со новиот закон за финансирање на општините, имаме ситуација која не соодветствува на ситуацијата со стариот закон, затоа што имаме 123 општини според стариот закон од 1996 година, а сегашниот закон за финансирање подразбира финансирање на помал број општини. На кој начин ќе се финансираат 40 општини плус? Едноставно немаме законско решение со кое се утврдуваат финансиски средства за тие 40 општини плус.“

Во владеачкиот СДСМ, и покрај кампањата за апстиненција на референдумот и укажувањата за штетноста од него, велат дека раководството сепак, размислува за алтернативните варијанти доколу тој биде успешен:

,,За тоа законот е јасен и дециден тоа значи дека една година нема да се менува стариот закон од 1996 година, евентуално доколку референдумот успее, а не како што вели опозицијата дека ќе се направела корекција на новиот закон и дека се ќе било многу едноставно,“

изјавува Борис Кондарко од СДСМ.

Од опозицијата, која пак во моментов калкулира со бројка од еден милион гласачи што би излегле на референдумот, велат дека веке имаат подготвено свој концепт за новото законско решение за територијалната организација:

,,Подготвени сме веднаш по успешноста на референдумот да понудиме концепт за тоа како треба да изгледа новата територијална поделба на Република Македонија,“

вели Александар Бичиклиски портпарол на ВМРО ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG