Достапни линкови

Стагнација во достигнувањето на современите стандарди


Македонскиот здравствен систем на патот кон достигнувањето на современите стандарди подолг период бележи стагнација, предупредуваат здравствените работници од терцијалниот сектор. Според лекарите од клиничкиот центар во Скопје ако врвна здрaвствена институција во државата новите трендови се помалку успеваат да се следат за разлика од пред десетина години кога македонското здравство било во чекор со нов професор доктор Томе Стефановски од клиниката за пулмологија вели:

„Последниве13-14 години стагнираме, за разлика до пред 15-тина години кога држевме „чекор“ во однос на опременоста и услугите кои што ги нудевме на пациентите кои не се разликуваа со некој од европски центар. За жал овие 15-тина години останавме на некое ниво од пред 15 години и со дотраеност на опремата практично го немавме ниту тоа што го нудевме претходно.“

Оваа оценка дека македонското здравство во делот на опременост заостанува во однос на развојот на овој систем во развиените земји ја делат најголемиот дел од вработените во клиничкиот центар Др. Владо Димов заменик-директор на клиничкиот центар вели дека на сметка на квалитетна кадровската подготвеност за македонското здравтство проблем претставува достигнувањето на новите технологии

,,Она што е лошата страна тоа е заостанувањето во техничка смисла во поглед на новите технологии во медицината за кои се потребни големи средства, а кои македонската држава години наназад тешко ги обезбедува и таквата состојба доведува неминовно до заостанување во следењето на технолошкиот развој во македонското здравство“.

Според Др. Борче Гергиевски од клиниката за хематологија во македонското здравтво постои нарамномерност во опременоста од клиника во клиника односно само за мал дел од нив може да се каже дека ги следат новите техонологии:

,,Во однос на трансплантацијата, сигурно ги задоволоуваме условите. Ние сме и членка на европската група за трансплантација значи мора да имате секакви кадровски, просторни и организациони услови за да бидете референтен европски центар за трансплантација. Но, тоа е еден многу мал сегмент од целокупната структура на здравствениот систем за да можеме да кажеме дека таква е сиуацијата. Во сите сегменти.“

Освен економската стагнација во државата како една од причините за опишаната сликата на терцијлниот здравствен систем лекарите го наведуваат и проблемот на нерационалната рспределба на парите што се влеваат во овој систем.
XS
SM
MD
LG