Достапни линкови

Буш потпиша Акт за демократија во Белорусија


Американскиот претседател Џорџ Буш потпиша закон насловен како Акт за демократијата во Белорусија. Во него се повикува на обновување на американската асистенција за групите кои ги поддржуваат демократијата и човековите права, како и за независните радио и телевизиски станици во Белорусија.

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека под раководство на претседателот Александар Лукашенко, Белорусија, како што оценува, станува режим на репресија во центарот на Европа. Потпишувањето на законот за американска поддршка на белоруската демократија следeше по минувањето на референдумот со кој на Лукашенко му се дозволува да се кандидира за трет претседателски мандат. И досега американските агенции ги поддржуваа белоруските невладини организации и независни медиуми и на новиот закон сде гледа како на симболичен акт. Олег Манаев од независниот Институт за социолошко, политички и правни студии во Минск вели дека новиот американски закон испраќа две важни пораки:

„Тоа е јасен сигнал за белоруските власти дека нивната антидемократска политика нема да биде прифатена од меѓународната заедница и од Соединетите Држави.“

Вториот сигнал, според Манаев, е уште посилен:

„Вториот сигнал, според мое мислење, е адресирано до граѓаните на Белорусија, односно дека оние што ги поддржуваат идеите за демократија и оние што не се согласуваат со сегашната политика на Лукашенко и на неговата влада, не се сами. Тие не се заборавени во меѓународната сцена. Соединетите Држави му покажаа на дел од белоруското општество дека може да смета на нивната поддршка, морална и политичка.“

Манаев додава дека, според испитувањата на Галуп, најмалку половината од нацијата не гласала за прифаќање на референдумот. Тоа е во контрадикторност со наводите на избирачката комисија дека седумдесет и седум насто од граѓаните биле за измена на Уставот во однос на претседателскиот мандат. Американскиот Акт за белоруската демократија, според членот на парламентот Николај Чергинец, претставува нарушување на белорускиот суверенитет. Од кабинетот на претседателот Александар Лукашенко пак само ја повторуваат неговата претходна изјава дека Соединетите Држави треба на Белорусија да и ги остават нејзините домашни работи.
XS
SM
MD
LG