Достапни линкови

Преостра и неоправдана


Реториката на Синодот на српската православна црква, кој по уривањето на објектот на одметнатиот владика Зоран Вранишковски, ја обвинува владата во Скопје за како што се вели во соопштението варварски чин на државен тероризам извршен со соучество на расколничката епархија во порнешната југословенска република Македонија според македонската влада е преостра и неоправдана:

„Државен тероризам се претешки зборови. Може да се види дека тоа нема никаква врска со државен тероризам. Владата на Република Македонија само го спроведува законот. Бесправно изградени објекти беа рушени во повеќе градови во Република Македонија.“

Уривањето на објектот на одметнатиот владика Зоран Вранишковски воНижо Поле го извршија македонските инспекциски органи и полицијата.

Во соопштението, Синодот на Српската првославна црква освен македонската влада како соучссник во уривање на градбата на Вранишковски што како чин го споредува со уривањето на хрмовите на Косово ја обвинува и Македнската првославна црква. Коментирајќи ги обвинувањата .Митрополитот Петар рече:

„Ние можеме само да кажеме дека нема поголем варватски чин од тоа некоја друга црква да се обидува да создава паралелна црква на територијата на друга црква.“

Тој додае:

„Тие направија духовно злосторство кај нас со воспоставување експозитура на СПЦ.“

Според Советникот за односи со јавноста во Македонската влада Мирјана Контевска сепак обвинувањата на Српската православна црква врз владата немаат влијание врз билатерлните релациите меѓу двете земји.

„Мислам дека владите на двете земји го имаат јасно зацртано својот пат на соработка и јасно упатените пораки дека црквата и државата не ги мешаат ингеренциите.“
XS
SM
MD
LG