Достапни линкови

Администрацијата молчи


Администрацијата најчесто не дава одговор на барањата за информации, велат резултатите од истражувањето на невладината организација Про Медиа. Истражувањето во според кое биле поднесени 100 барања до 18 институции, а барањата ги поднесувале новинари, невладини организации, гарганите покажува дека 50 проценти од граганите не добиле никакви информации, триесет проценти добиле одговор, но делумно, 12 отсто биле усно одбиени, а во 8 проценти од слуачаите не можеле да се поднесат барања за да се добие информација, односно барателите немале можност да дојдат до надлежно лице. Весна Гогова од Про Медиа вели дека најголемиот проблем е молчењето на администрацијата, то говори за затвореност на државните институции. Надлежните, додава таа, воопшто не одговараа на барањето ниту позитивно, ниту негативно:

„Резултатите поскажаа недостаток во организационата поставеност на институциите за брзо и ефикасно процесуирање на барањата. Имаше тешкотии да се утврди надлежноста, кој е одговорен за давање одговор на нив. Втор недостаток, е, немаше образложение за одбивањето. А, тоа е битно, зашто потоа барателот може да поведе постапка. И трето, администрацијата молчи, односно не дава никаков одговор.“

објаснува Гогова која додава дека за да се надмине оваа состојба неопходно е усвојување на закон за пристап до информации, но и запознавање на администрацијата и граганите со суштината на правото за пристап до информации. Таа проценува дека наскоро не може да се очекува надминување на оваа состојба

„Лично не верувам дека тоа наскоро ќе се случи, затоа што тоа е еден процес што ќе бара обука на администрацијата, а ќе бара и обука на граѓаните. Граѓаните да разберат дека го имаат тоа право и да ги разберат предностите што тоа им ги носи.“
XS
SM
MD
LG