Достапни линкови

Сеуште нема официјална потврда


Суште без успех продолжува потрагата на македонските институции за потврда на информацијата за егзекуција на двајца македонски државјани во Ирак од страна на милитантната исламска армија, објавена синоќа од катарската телевизија Ал Џезаира:

„Министерството и понатаму продолжува да ги проверува информациите коишто стигнаа од Ирак, односно емитуваната вест од Ал Џезаира. Министерот за надворешни работи на Ирак лично се заложи дека ќе воспостави конктакти кои ќе ни овозможат проверка на овие информации. Министерот Митрева доцна синоќа имаше телефонски разговор со катарскиот министер за надворешни работи, при што двајцата министри се договорија да бидат во постојан контакт, а исто така тој ја понуди својата помош во обезбедувањето контакт со катарската телевизија Ал Џазеира,“

изјави портпаролот на МНР Душко Узуновски.

Тој додава дека ангажманот е и во насока да се обезбеди целосниот видео запис на егезкуцијата што арапската телевизија тврди дека го поседува:

„Проверката на веродостојноста откако ќе се добие копија од материјалот. А, исто така треба да се вклучат и експертски тимови, за што можеби ќе се побара и помош од меѓународната заедница.“

Бавноста на процедурата на потврдување на веста и на веродостојноста на снимката на која се гледаат личните документи на Далибор Лазаревски и Зоран Насковски, двајца од тројцата киднапирани кумановчани, во МНР ја објаснуваат со состојбите во Ирак и тешкотиите да се стапи во контакт со надлежните институции. Судбината на третиот кумановчанец Драган Марковиќ е непозната. Тој заедно со Насковски и Лазаревски беше киднапиран кон крајот на август во близина на Багдад:

„Бараме информации и во таа насока, за да можеме да провериме што се случува со тројцата киднапирани.“
XS
SM
MD
LG