Достапни линкови

Нема потреба да објаснуваме зошто Македонија ја викаме Македонија


Не е потребно да објаснуваме зошто Македонија ја викаме Македонија. Ова е одговорот на портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ричард Баучер на новинарско прашање во врска со зачестената употреба на името Македонија од страна на официјални претставници на американската администрација.

На вчерашниот редовен брифинг во Вашингтон на портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ричард Баучер му беше поставено прашање во врска со американскиот став околу името на Македонија.

„Кога потсекретарот Марк Гросман, на први октомври и секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд, на единаесетти октомври беа во Скопје, за време на нивните прес конференции, двајцата, го употребуваа терминот, цитирам: Македонија, затворен цитат. Тоа е против она што ни го рековте пред некој ден дека Стејт Департментот го има последниот збор во дипломатските формалности на американската надворешна политика. Како го објаснувате фактот што господин Гросман и господин Рамсфелд толку јасно ја прекршиле сегашната политика на Соединетите Американски Држави, виза ви ФИРОМ, околу името.“

Беше прашањето на новинарот на кое портпаролот на американскиот Стејт департмент Ричард Баучер одговори:

„Не мислам дека е навистина потребно да објаснуваме зошто ние Македонија ја викаме Македонија. Јас тоа лично го правам цело време.“

изјави портпаролот на Стејт Департментот Ричард Баучер на вчерашниот редовен брифинг во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG