Достапни линкови

Лимитиран политички избори или традиција?


Кога американците гласаат за претседател, тие се изјаснуваат за двајца, најмногу тројца кандидати. Третиот е најчесто независен кандидат и нема скоро никакви шанси да победи во трката за Белата Куќа. Тоа место им гарантирано на еден од кандидатите на двете најголеми политички партии, Демократската и Републиканската. Дописникот на Слободна Европа Ендрју Тули разговараше со двајца историчари за тоа зошто политичкиот избор е толку лимитиран во најпроминентната демократија во светот.

Американскиот Устав не го ограничува бројот на политичките партии во земјата. Но, кога ќе дојдат изборите, американците најчесто се лимитирани да избираат меѓу две од нив. Причината е проста, вели Кристофер Атертон, декан на факултетот за политички менаџмент на Универзитетот Џорџ Вашингтон.

„Начинот според кој ги конструириваме нашите политички иснтитуции, особено оние во дистриктите, продуцира дво партиски избор, бидејќи ултимативно, трката се разгорува таму во однос на тоа кој може да добие најмногу гласови.“

Артертон вели дека некои критики на американскиот изборен систем се токму поради отсутсвото на поголем број партии. На пример, како што додава, Зелените во Германија, можеби се мала партија во однос на поголемите христијанодемократи и на социјалдемократите, но сепак учествува во власта. Всушност, шефот на германската дипломатија Јошка Фишер е член на зелените. Двопартискиот систем во Соединетите Држави, според Артертон, се зацврстува не само поради нивото на кое политичарите ги примаат гласовите, туку и поради нивото на кое тие ги даваат гласовите како претставници на нивните дистрикти.

„Во повеќепартискиот систем некои тешки прашања стануваат поизразени. Во двопартискиот пак станува збор за избор меѓу две страни, или ќе биде вака или онака.“

Ален Лихтман кој е професор по политичка историја на Американскиот Универзитет во Вашингтон наведува уште една причина зошто помалите партии не можат да имаат поголемо влијание во Америка. Според него, тие не се во состојба да обезбедат доволно пари за промоција на нивните кандидати што е потребна за успешно спротивставување на демократите и републиканците. Лихтман вели дека во историјата имало случаи кога се појавувале некои трети партии, но тоа само придонесувало за зацврстување на двете поголеми.

„Двопартскиот систем низ американската историја беше балансиран со појавата или пропаѓањето на многу мали партии. Имаше партии против ропството, за прохибиција на алкохолот, социјалистичка или либерална партија. Всушност, овие партии со новите идеи само придонесуваа да не дојде до поголема стагнација во поголемите партии.“

Споредбено со малиот број партии, американците, од друга страна, се соочуваат со многу начини на кои можат да се изјаснат на изборите. Повлекување на маханички лостови или бушење дупки на избирачките карти е само еден од нив. Гласањето е во надлежност на државните, а не на федералните власти. Според тоа, секоја држава го избира и начинот на кој гласачите ќе се изјаснуваат. Ова, како што вели Лихтман, произлегува од фактот што Соединетите Држави се федерација на држави со суверени влади кои работите ги водат според нивно согледување. Но, некои држави не секогаш го избираат вистинскиот пат што ќе им служи на гласачите на изборите да се изјаснат за оној за кого сакаат. Колку за пример, во двеилјадитата година, Флорида се соочи со проблеми со пребројувањето на гласовите во тесната трка меѓу Џорџ Буш и тогашниот потпретседател, демократот Ал Гор. Претходно, секоја општина во Флорида си избра свој начин на гласање. Некои од нив беа далеку од перфектни. Заеднички проблем во Флорида беше тоа што многумина од гласачите недоволно силно ги притиснале лостовите за бушење на дупките на избирачките карти, па тие не можеа да бидат прочитани во компјутерското броење. Тоа создаде конфузија која траеше еден месец по денот на гласањето и до одлука на Врховниот суд кој го одби мануелното пребројување на картите. Така, Буш со 537 гласови повеќе од Гор, стана американски претседател.

„Мислам дека мноштвото гласачки механизми не е добро. Мислам дека прашање на време е кога земјата ќе реши која е најдобрата технологија со цел да се дојде до точни резултати.“

Вели Лихтман. Инаку, американската држава
Орегон дури го има укинато гласањето на избирачки места. Гласањето за сите избори таму се одвива само по пошта.
XS
SM
MD
LG