Достапни линкови

Корисна соработка или само меѓусебно кокетирање?


Средбата на претседателот на државата Бранко Црвенковски на негова иницијатива со лидерите на верските зедници и најавите дека таквата пракса ќе продолжи и во иднина, како обид, политиката врз себе да ја преземе улогата на посредник во надминување на внатрешните прашања на верските заедници, односно да биде во полза на унапредување на нивната соработка, се коси со основниот принцип на секуларизам, кој подрзабира, црквата и државата да бидат одвоени. Професорот по филозофија Љубомир Цуцулосвки вели:

„Тоа би требало да бидат посредништва помеѓу самите лидери на верските заедници, без посредување на политичари, бидејќи во тој случај повторно се отвора простор за политички манипулации.“

Со потребата од почитување на принципот на одвоеност на црквата од државата се согласуваат и претствниците на верските заедници. Но, според нив државата може да има корисно влијание во решавање на проблемите во верските заедници. Имајќи го на ум мултиетничкиот каракер на државата, односно актуелниот временски контекст кога исламската заедница се соочува со превирања, односно Македонската православна црква со отворени прашања со името митрополитот Петар и претставникот на исламската верска зедница Јакуп Селимовски велат:

„Државата мора да застане цврсто, бидејќи со тоа се раслојуваат верските заедници, а тоа влијае и на хомогеноста на општеството.“

„Доволно е да се даде морална поддршка на институциите да бидат истрајни во одржувањето на единството на верските заедници на нивниот општествен статус во државата.“


Експертите сметаат дека станува збор за кокетирање:

„Постои взаемо кокетирање помеѓу политиката и верските заедници, бидејќи свештениците се трудат да играат вешти политичари од една страна, а од друга страна пак политичарите се трудат да глумат лица коишто имаат вредности, но ниту едните се политичари, ниту другите се свештеници.“

Мотивите на државата да влијае врз проблемите на верските заедници, во основа имаат политичка природа, тој оценува:

„Таа условно кажано љубов, произлегува од желбата на политиката да може влијае преку црквата врз верниците, бидејќи обичниот верник има неограничена доверба во црквата и во својот свештеник и оттаму може многу силно да се влијае врз граѓаните.“
XS
SM
MD
LG