Достапни линкови

Религијата е работа на избор и во САД се практикува послободно


Врховниот Суд на Соединетите Држави се согласи да разгледа дали поставувањето на Јудео-христијанските десет заповеди во владини објекти ги нарушува уставните разграничувања меѓу црквата и државата. Станува збор за случаји во Тексас и Кентаки. Според едно мислење, ова е неприкладно промовирање на религијата, а според други мисења, евентуалната забрана на поставување е игнорирање на секуларната улога која десетте заповеди ја играа во развојот на американското право и закон.

Американската култура е можеби дериват на европската, но кога станува збор за религијата, како и политиката, тогаш е јасно дека тие забележително се разликуваат. Овие разлики се директно поврзани со раскинувањето на врските со Европа, односно прогласувањето на независноста пред повеќе од 200 години. Ова е заклучокот на дваца американски студенти кои сметаат дека американскиот граѓански живот е директно вкоренет во христијанството на американските оригинални европски доселеници од кои повеќето ја отфрлија нетолеранцијата на државно спонзорираната црква од Англија и практицираа нивни сопствени религии. Всушност, Дејви Валас професор по религија од Џорџ Вашингтон Универзитетот, вели дека Европа историски има државна религија што доведе до тоа многу европејци да дадат отпор кон богослужбата. Во Америка, смета Валас, религијата е работа на избор и затоа се практикува многу послободно.

„Тие имаат државна подршка на религијата во поголемиот дел од Европа. Но луѓето траму се помалку религиозни отколку што се луѓето во Соединетите Држави. Тоа има врска со фактот на државно спонзорираната религија. Ние имаме различна традиција која се состои од оделување на црквата од државата и имаме религиозен волунтаризам.“

Ова го потврдува и Дејвид Адамс, лутерански теолог од Сент Луис, кој вели дека 50 насто од американците посетуваат богослужби додека во Велика Британија тоа го прават само 2 насто. Историски американците религиозно се поактивни и тоа се покажува во граѓанскиот живот дури и при изборите. Религијата не е тема на актуелните претседателски избори, но многу американци очекуваат нивниот лидер да биде религиозно подржуван. На пример, вели Адамс, републиканците веројатно никогаш не би номинирале атеист, додека таква номинација е поприфатлива за демократите чии членови се помалку водени од религијата. На прашањето може ли таков кандидат да ја добие Белата Куќа, теологот Адамс вели.

„Тоа веројатно зависи повеќе од начинот како кандидатот ќе се справи со ова прашање. Дали ќе биде отворен, грижлив со симпатии за сите страни. Но сепак мислам дека тоа зависи од другите прашања кои се жешки во моментот. Не сметам дека религијата е одлучувачки фактор.“

Со други зборови, Адамс верува дека изборот при вакви хипотетички избори евентуално ќе го подели електоратот како што е и случај. Виртуелно не се очекува ниту еден демократ да гласа за кандидатот на републиканците, актуелниот претседател Џорџ Буш и обратно републиканците нема да гласаат за Сенаторот Кери.
XS
SM
MD
LG