Достапни линкови

Капацитетите на професијата портпарол не се целосно искористени


Професијата портпарол што подразбира претставување на работата на една институција во јавнсота кај нас заживеа во последната деценија, односно со почетокот на парламентарната демокартја. Сепак, општ впеачаток е дека во голем дел капацитетите на таа професија не се доволно или во целост искористени поради што не ретко таа се сведува само на формалност. Комуникологот Климе Бабунски вели:

„На сите тие силни прес конференции, на колку од тие пресови освен настапот на гласноговорникот е поделен и соодветен материјал каде што имате многу повеќе информации за самата тема или настан. Не се води сметка да се обезбедат доволно информации.“

Гоце Пачемски портпрол на миснитерството за економија и поранешен новинар вели дека можноста од прфесинлност во оваа работа во голем дел зависи од тоа колку некоја институција трнспарентноста ја сфаќа како формалност или како сериозна политика. Според Пачемски, профилирањето на оваа професија од година в година добива на квалитет, но тој се согласува дека сепак тоа сеуште подразбира потреба од менување на психологијата во работата на државните службеници .Тој вели:

„Сеуште постои некаков страв од разоткривање што јас не можам да го сфатам и кога ќе го објаснам овде, тогаш и тие луѓе, не министер, туку обични службеници, и тие сфаќаат дека тоа што пробуваат дао го сокријат не вреди да се крие, затоа што не е државна тајна.“

Според Бабунски еден од проблемите пред кои е исправена оваа професија е недосттокот од координација меѓу институциите:

„Нужна е сериозна координација меѓу извршната и законодавната власт, не за да се постигне идеолошка хомогеност, туку за да може да се испрофилира државната институција, наспроти партиската. Овие работи кај нас се испомешани. Често пати испаѓа дека наместо државен функционер ни зборува челник на партија и обратно.“
XS
SM
MD
LG