Достапни линкови

Десетици загинати, над сто ранети


Десетици лица загинаа, а над 100 се ранети во експлозии доцна синоќа во хотелот Хилтон во египетското одморалиште Таба на Синај, а потоа одекнаа уште неколку експлозии на две излетишта на Синај омилен за одмор на израелските туристи. За нападите израелците ја обвинија терористичката мрежа Ал Каеда.

Според изрелскиот заменик министер за одбрана Зеев Боим експлозиите го носат знакот на Ал Каеда.

„Структурата на овој терористички напад, мене ми изгледа како дело на терористилчки групи како Ал Каеда. Ова не е терористички напад од типот на палестинските терористички организации.“

Две групи, Тавид Исламски бригади и Џама Ал Исламија ал Аламија, односно Светската исламска Група ја презедоа одговорносат за нападот во хотелот Хилтон во Таба египетско одморалиште на Синајскиот полуостров. За нив засега нема потврда дека се поврзани со Ал Каеда. Според израелските безбедносни служби нападот бил извршен, односно едната експлозија била предизвикана со камион бомба. Агенциите ја пренесуваат изјавата на еден израелски турист.

„Тоа беше терористички напад на плажата каде што ние бевме во Рас ал Султан. Две експлозии, многу силни. Еден од моите пријатели умре. Многумина беа повредени. На спасувачите им требаше многу време да пристигнат.“

Имено по експлозијата во Таба на Црвеното Море имало уште две екплозии. Неколку спратови на хотел Хилтон биле разурната и во пламен од силината на експлозијата. Според изрелското радио, повеќето од гостите, израелски туристи, тогаш биле во своите соби. Екплозијата се слушнала и во одмаралиштата во Нуеба и Рас ал Султан. Синај инаку е омилено место на израелските туиристи. Нападот доаѓа во време на празникот Сукот кој се слави во Израел. Израел го освои Синал во војната во 1967 година, но му го врати на Египет во 1979 година по митровниот договор еден од ретките што Израел ги потпиша со некоја од арапските држави.
XS
SM
MD
LG