Достапни линкови

Најмалку деветмина загинати


Во денешните воздушни напади на американските сили врз градот Фалуџа загинале најмалку девет ирачани, меѓу нив три жени и две деца, јавуваат агенциите повикувајќи се на болнички извори во тој град западно од Багдад.

Примивме извесен број убиени и повредени од американските воздушни напади врз областа Ал Џумхурија во Фалуџа. Повеќе од нив се жени и деца.

Изјави за агенцијата Ројтерс, Али Хамиз, доктор во болницата во Фалуџа. Американската војска соопшти дека нападите ги извршила врз една зграда во која, се наоѓале дваесетина припадници на ирачките бунтовници, поврззани со терористичката мрежа на исламскиот водач Абу Мусаб ал Заркави. Тие, како што се наведува, од таа зграда префрлувале оружје во приградските населби на Фалуџа. Во меѓувреме, американските и ирачките сили ги продолжуваат акциите во Самара, каде што, според претходното нивно соопштение, тие контролирале седумдесет проценти од градот.



Терористичките банди кои го тероризираа народот на овој град се отстранети од Ирачката национална гарда и ирачката полиција, кои беа поддржани од сојузничките сили.

рече ирачкиот министер за внатрешни работи Фала ал Нагиб, по главната офанзива за преземање на контролата врз Самара. Притоа, според американските сили, сто дваесет и петмина бунтовници биле убиени, а деведесетина биле заробени. Но, граѓаните и претставници на болниците во Самара обвинуваат дека голем број од загинатите биле цивили. Од друга страна, хуманитарните организации предупредија дека во градот имало недостиг на вода за пиење и храна, поради што стотици семејства биле принудени да го напуштат. Соединетите Држави соопштија дека преземањето на контролата врз Самара, како и врз Фалуџа, Рамади и багадското предградие Садр сити, е клучно во создавањето услови за спроведување на општите избори во Ирак, планирани за јануари идната година.
XS
SM
MD
LG