Достапни линкови

Рамковниот договор и децентрализацијата се неопходни


Со цел да и се даде поддршка на Македонија во процесот на приближување кон НАТО и Европската унија, Марк Гросман потсекретар за политички паршања во Стејт департментот денеска се сретна со претставници на власта. Според него клучно за Македонија е да продолжи да го спроведува рамковниот договор и процесот на децентрализација


„Македонија во изминативе години е голема инспирација за сите луѓе низ Европа. Во 2001-та Македонија го одбра дијалогот пред конфронтацијата и го одбра Рамовниот договор наспроти конфронтацијата. И денес исто така гледаме дека Македонија треба да направи избор помеѓу минатото и иднината. Во изминатите три години ние гледаме дека Македонија напорно работеше на консолидација на својата мултиетничка демократија. И ние ја поддржуваме визијата за Македонија како дел од Европската унија, како дел од НАТО“

изјави Гросман кој во контекст на претстојниот референдум вели


„Мислам дека прашањето на референдумот е прашање на тајминг. Како што има речено амбасадорот Батлер, прашањето е колку брзо сакате да се движите. Моето чувство е дека Македонија сака брзо да се приближува кон НАТО и Европската унија, а изборите што Македонците ќе ги прават ќе имаат влијание на времето и ние се надеваме дека Македонците ќе го изберат брзиот пат кон НАТО и ЕУ.

Потсекретарот за политички прашања посочи дека е неопходно во земјава да се работи на развој на економијата што подразбира намалување на невработеноста, економски реформи, привлекување на странски инвестиции и слично. Но важно е тоа што секогаш кога се соочувавте со овие прашања одлуката беше за иднината, а не минатото, рече Гросман.
XS
SM
MD
LG