Достапни линкови

Сега е вистинското време


Нема дилеми дека одбележувањето на границата меѓу Македонија и Србија и Црна Гора во делот со Косово треба да се случи пред решавање на статусот на покраината, смета професор Владо Поповски, поранешен министер за одбрана. Според него, проблеми во таа насока не би требало да има бидејќи субјектите кои ќе преговараат се прецизирани – станува збор за македонските власти, УНМИК и претставник на Белград. Во таа насока изјавите се јасни што покажува дека постои желба да се затвори ова прашање.

„Аппсолутно немам дилема дека треба да се затвори пред да се решава статусот, бидејќи може да создаде различни психолошки и политички компликации. Изјавата на господинот Петерсен, главниот претставник на Обединетите нации таму е дека тоа треба да се реши пред решавањето на статусот на Косово. Белград има потпишано и неколку пати изјавено дека демаркацијата треба да се изврши што поскоро“

Според професор Денко Малески од Правниот факултет, најважно е тоа што постојат предуслови за конечно решавање на прашањето за границата:

„Имам впечаток дека односите се доста подобрени во однос на минатото. Тоа е предуслов за успешно решавање на проблемите, какви што се оние сврзани со границата. Помирливите изјави на двете страни, од страна на косовското раководство и УНМИК и од страна на Македонија, дека во основа нема проблеми со границата, туку станува збор за мал дел од пбележаната територија каде што постојат нерешени имотно-правни односи, можеби дека можеби е вистинското време да се пристапи кон дефинирање на тој дел од границата. Она што е особено важно е што таа расправа не се води во некаква еуфорија, каква што искусивме пред некоја година, и без многу сензации, туку дека станува збор за неколку практични решенија кои што треба да произведат и дефинитивно цртање на границата. Тоа е,л се разбира, добро да се направи пред да се решава конечниот статус“
XS
SM
MD
LG