Достапни линкови

Власта селективно соработува со невладините организации


СекогаШ кога станува збор за клучни праШања за државата, генерално власта многу ретко го консултира мислењето на невладиниот, граганскиот сектор во држава. Клучните праШања од типот на евроинтеграциите, законот за територијалната поделба, корупцијата, се договораат во еден затворен круг, без да се испита мислењето на сите сегметнти во опШтеството иако станува збор за многу битни праШања за земјата.


„Клучните прашања се одлучуваат во тесните кругови на власта. Нема вклучување ниту на опозицијата, ниту на деловниот и граѓанскиот сектор. Значи, кога се донесуваат одлуки од битно значење, претпоставка е да има еден процес со вклучување на сите битни фактори во општеството – и во владата, и во опозицијата, и во деловниот и граѓанскиот сектор. Тоа важи посебно за малите хетерогени земји каква што е Македонија“

изјавува СаШо Клековски од Македонскиот центар за меЃународна соработка кој додава дека ситуацијата без исклучок е карактеристична за сите владеачки гарнитури досега.
Во таа насока вели, Клековски проектите кои ,,незадираат,, во политичките случувања И И одговараат на владеачката гарнитура, се речиси секогаШ подржани И најчесто се искористуваат за пополнување на празнината ,,соработката НВО - Власт функционира“. Како потврда на укажувањата дека власта има селективен пристап кон работата на цивилнио сектор е И мислењето на Јасминка ФриШчИЌ од Здружението за еманципација, солидарност И еднаквост на жените во Македонија.


„Недостасува еден вид на комуникација и меѓусебно почитување помеѓу владиниот и невладиниот сектор. Се уште постои некој степен на резервираност и недоверба, пред се од страна на владините организации кон невладините, во однос на она што го правиме и иницираме ние“.

Граганскиот сектор забележа успеси во измената на некои законски акти, но неможе да се каже дека во целост невладините организации ја извојуваа битката за рамноправен партнер во донесувањето на одлуки, смета Сретен Костовски од НВО Парламентот.


„Од страна на невладините организации има иницијатива. И има потенцијал со капацитети, со стручни луѓе, да бидат дел од тој процес. Друго прашање е што власта не ги прифаќа, односно не ги консултира“

Претставниците на невладините организации во земјава се согласуваат дека се додека не се измени пристапот на власта кон цивилниот сектор И нивната мок И влијание за битните опШтествени случувања ке отсустува.
XS
SM
MD
LG