Достапни линкови

Професионализација на органите на прогонот


Деполитизација на припадниците на министерството за внатрешни работи е неопходна за успешно сузбивање на корупцијата што пак ке резултира и со кривични пријави конкретно за корупција, а не само за злоупотреба на службена должност, вели претседателот на Државната антикорупциска комисија Јован Трпеноски коментирајки го фактот што процесиуираните обвинителни акти најчесто се однесуваат на злоупотреба на службената должност, а не за корупција. Податоците на министерството за внатрешни работи велат дека се откриени 281 кривично дело, од кои што 270 се за злоупотреба на службена должност. Притоа направена е штета за над милјарда денари, а незаконитости во работење на раководни лица се контстатирани кај лица на раководни функции во институции како Бирото за стокови резерви, за неразвиени подрачја, Фондот за води, јавното претпријатие за стамбен и деловен простор, во министерството за транспорт и врски и слични. За тоа што активности треба да се превземат за надминување на оваа состојба Трпеноски изјави


„Прво треба да се професионализираат органите коишто се занимаваат со откривачката функција, а тоа значи стручни луѓе коишто ќе моѓат да утврдат за една конкретна инкриминација какви материјални докази треба да се обезбедат. Мислам дека овој временски период кога влезе и политиката во професионалните органи, нормално остави траги и во откривачката функција на најповиканите – тоа се МВР и инспекциските органи. Судовите судат онака како што јавниот обвинител по завршувањето на истрагата ќе им пласира, но каде што во истрагата ќе се соберат материјални докази и ќе го потврдат сомневањето за кривичното дело“

Од невладиниот сектор пак посочуваат дека проблемот е во недоволно јасната правна терминологија и немање на политичка волја. Оттаму сметаат дека е потребно да се интервенира во законот за спречување на корупцијата


„Присуството на корупцијата во Македонија само се искаќува на ранг листата на проблемите. Меѓутоа, исто така е јасно дека законската регулатива е доста проблематична, крајно нејасна. Тој закон и не беше донесен со намера навистина да дава резултати во борбата против корупцијата, туку да се замачкаат очите на меѓународниот фактор дека имаме закон. Има потреба од измени и дополнувања, а и од донесување на нов закон“

вели Џевдет Хајредини од невладината организација Македонија без корупција.
XS
SM
MD
LG