Достапни линкови

Заплашување или посочување на реалните ризици?


Пораките Што МеЃународната заедница ги испраЌа во пресрет на официјалниот старт на кампањата за рефередумот стануваат се попрецизни. Вообичаено во таквата искреност предничат оние Што доаЃаат од ВаШингтон . Па така американскиот амбассадор Лоренс батлер оцени дека Македонија ќе се соочи со несигурност, стагнација, одложување на поканата за НАТО и политички хаос во случај на позитивен исход од референдумот за територијална организација во земјата. Слична порака без ракавици испрати И Брус Џексон неофицијалниот крунски лобист за македонското членство во Алијансата. Такви пораки доаѓаат ои од Европската Унија И сите очекувања се дека заедно со праШалниците тие ќе бидат упатени И од пресдседавачот со Европската Комисија Романо проди кој во петок доаЃа во Скопје, Со оглед на усогласеноста на проценките за рефереднумот надвор од земјава се поставува праШањето на Што се должИ таа. Според професор Биљана Ванковска пред се на погреШно пренесените аргументи за референдумот од страна на владеачката стуктура


„Се создава една ситуација на нерамноправен дијалог, кога едната страна може да ги изложи своите аргументи, а условно кажано граѓанската страна нема начин да го искаже тоа“

Според неа колку и да се катастрофични предупредувањата од надвор тие реално немаат основа


„Убедена сум дека меѓународната заедница, тогаш кога ќе види дека се завршило низ коректни начини и средства, таа ќе го прифати тоа. Јас не би гледала на тоа како на застрашувачка ситуација во која тие тогаш би ни го свртеле грбот“

Тогаш како да се разберат пораките кои се повеЌе од јасни . Станува ли збор за примена на методот стап И морков


„Генерално, мене не ми се чини дека станува збор за стап и морков. Има големи изгледи после тоа да станеме на друга агенда, бидејќи тие не се како нас да даваат изјави без потреба“

вели професорот Ванчо Узунов. Со него се согласува И аналитичарот Ѓунер Исмаил. Тој вели ако евроинтеграциите се наша стратешка цел тогаШ ваквите пораки на меЃународната заедница се сосем легитимни И неслучајни


„Ние за што можеме да очекуваме Европската унија, НАТО или угледни претставници на меѓународната заедница да дадат изјава – во врска со сеидбата, во врска со бербата на грозјето? Едноставно, тие ин медиас рес – даваат изјава во врска со тоа што Македонија може да очекува во врска со понатамошниот од кон интеграциите, односно што не може да очекува“
XS
SM
MD
LG