Достапни линкови

Поголема ефикасност со нови специјални извршители


Со цел спроведувањето на пресудите да се сведе на поразумен рок и да се ослободат судовите од натрупаноста со предмети со новиот предлог закон за извршна постапка се предвидува министерот за правда да назначува лица кои ке го преземат извршувањето на судските одлуки. Со него се прифака системот на извршители, лица со овластувања кои се надвор од судовите со што судовите комплетно се растоваруваат од извршните дејства. Причината за донесување нов закон е тоа што голем дел од постапките во граганската и управната област траат по две и повеке децении, бидејки судските одлуки се носат бавно, а нивното извршувње се одолговлекува и на повеке од десет години. Бројот пак на неизвршени судски предмети постојано е во пораст.

„Главен проблем во досегашната судска практика е бројката на неизвршени предмети во судовите, така што таа на крајот од минатата година достигна над 200 илјади неспроведени судски одлуки. Ова беше и основната причина да се пристапи кон донесување нов закон за извршување и обезбедување“

изјави Мирјана Илиева од Министерството за правда.

Овој закон е усогласен со законите за платниот промет и за трговските друштва во деловите што се однесуваат на извршувањето од сметките на правните и физичките лица и врз акциите и уделите на трговските друштва. Заради растоварување на двата скопски основни суда се предвидува надлежен за извршување парично побарување од должникот да биде судот на чие подрачје тој живее, а не судот на чие подрачје се наога носителот на платниот промет како што беше досега. Дејан Костовски судија во Основниот суд Скопје 1 за овие нови решенија вели

„Јас мислам дека со извршителите ќе се создадат услови постапката да биде поефикасна. Самата постапка ќе се забрза, затоа што кај нас имаме малку извршители а многу предмети и не можат да постигнат. А вака, кога ќе има некоја посебна агенција, со тоа што ќе добие сертификати од министерот за правда, би се забрзала постапката. Сега за сега во судот имаме околу 6-7 извршители и тие не можат да постигнат да извршат голем број на предмети“
XS
SM
MD
LG