Достапни линкови

Проблемот со токсичниот отпад е многу поголем од посочениот


Македонија има проблеми со таканаречениот перзистентен хемиски отпад, потврдува експертот Јосиф Таневски, откако светската агенција за храна ФАО ја посочи нашата земја како една од групата на која и е потребна итна меѓународна помош. Освен дванесетте хемикалии наведени во протоколот од Стокхолм, чие присуство можеби и не е толку акутно, Македонија има проблеми и со друг вид отровни материи кои сериозно ја загрозуваат човековата околина и имаат директни последици врз здравејто на луѓето

„Ние имаме цврсти хемикалии кои се несоодветно депонирани. Тој отпад стои во повеќе фабрики во Македонија и не е решен,“

вели Таневски.

Тој како експерто кој вршел конкренти истражувања го посочува присуството на линданот во кругот на скопската фабрика „Охис“ како еден од најакутните проблеми. Станува збор за десетина а според некои информации дури и триесетина илјади тони опасен отров несоодветно складиран во бетонски бункери

„Така што, во подземните води коишто се движат спрема Вардар, најдовме високи количини лиднан.“

Таневски појаснува се работи за хемикалија која исклучително опасна:

„Лиднанот е канцерогена супстанца, влијае на промена на метаболизмот, доведува и до генетски промени. Најлошо е што таа таа е неразрадива, па десетици години останува во водите, во ланецот на исхрана“

Уништувањето на лиднанот е скапо и комплицирано. Потребни се средства за негово ископување и транспорт во една од двете еворпски земји Франција или Шпанија:

„Каде што постојат постројки за согорување, односно трајно решавање на проблемот.“

Проблемите со лиднанот и воопто опасниот отровен отпад не се нови. Тие се провлекуваат со години. Затоа Таневски вели:

„Тој проблем треба да се актуелизира, на Македонија мора да и се помогне. Македонија мора да има депонија за отпад и плус тоа мора да има регионални депонии, кајшто одреден отпад вон користење, а не може да се реши рпоблемот, мора да биде на коректен начин складиран.“
XS
SM
MD
LG