Достапни линкови

И ЕУ треба да покаже добра волја


Во контекст на досега постигнатите стандарди, а со цел либерализирање на визниот режим за граѓаните на Македонија факт е дека земјава не прави многу, но од друга страна политичка е оценката на Европската Унија кон земјите кон кои ќе воведе помалку рестриктивни мерки и тој имиџ колку го креираме самите толку го креираат и тие за нас, вели професор Билјана Ванковска, директор на Центарот за демократија и безбедност при Институтот Евробалкан и додава - Македонија не е закана за останатите земји и затоа неопходно е и ние да работиме поинтензивно на постигнување на стандардите, а и Европа да покаже политичка војла и да помогне

„Европа токму во овие недели и месеци е загрижена за она што се случува во Македонија. Ми се чини дека токму еден ваков момент би било многу продуктивно да покаже добра волја во однос на либерализацијата на визниот режим, отколку да праќа пораки дека можеби некои внатрешни случувања во Македонија ќе наштетат на евро-интеграциите и слично. Еден конкретен разговор би довел до конкретни резултати затоа што конкретните резултати им требаат на граѓаните. Земјите пред нас, кои беа ослободени од обврските со визи, беа далеку од тоа да се успешни, пред се, мислам на Бугарија. Ние не сме во овој момент, без оглед на нашите внатрешни турбуленции не сме опасни за Европа.“

За тоа пак до каде се активностите во контекст на исполнување на обврските, надлежното министерство за внатрешни работи информираат

„МВР презема активности кои треба да се завршат до крајот на 2005 година. Со девет земји потпиша договор за реадмисија. Тоа се однесува на враќање на лица чие влегување или престој е во спротивност со постоечките договори. Во МВР во тек е тендерот по којшто треба да се пристапи кон изработка на новите пасоши.“

изјави Горан Павловски, портпарол на МВР.
XS
SM
MD
LG