Достапни линкови

Најмалку 35 загинати


Најмалку 35 лица загинале при денешната експлозија пред полициска станица во Багдад.

Екплозијата се случила во улицата Хаифа, каде што има чести судири меѓу американските војници и бунтовниците. Ирачкиот министер за надворешни работи Фалах Ал Наџиб на местото на инцидентот изјави:

,,Овој акт е насочен против ирачкиот народ и обид да се уништи Ирак. Тие брутални сили се обидуваат да ја спречат ирачката реконструкција, но со помош на ирачкиот народ, ние ќе ги оспособиме нашите сили и ќе ги елиминираме сите терористи.”

На истото место во неделата од експлозија на автомобил бомба и гранати, загинаа околу 20 луѓе.
XS
SM
MD
LG