Достапни линкови

Проблемот со името храна за радикалите на Балканот


Решавањето на проблемот со името би имало позитивен ефект и во намалувањето на несигурноста кај Македонците кои стравуваат дека нивната земја би можела да биде поделена како резултат на некакви тајни договори, оценува меѓу другото Меѓународната кризна група во последниот извештај за Македонија посветен на проблемот на децентрализацијата и конторверзите со новиот закон за територијална организација. Но, и покрај препознаената потреба и на домашно и на меѓународно ниво 13 години од рефередумот за независност Макеоднија во Обединетите Нации се води како Поранешна Југословенска Република. Бавното решавање на проблемот веќе никој не може да го негира. Причините за ова постојано се бараа во изборите кај нас или во Грција, другите теми кои се наметнуваа со својот приоритет, од дневно политички, до меѓународно спорски, како што е олимпијадата во Атина. По неа дојде и првиот предизвик или сигнал. Имено, новиот министер за надворешни работи на Грција Петрос Моливијатис изјави дека во Атина постои волја за доаѓање до взаемно прифатливо решение за името, но оти е потребно таква волја да постои и кај владата во Скопје.

Регионалниот аспект односно значењето на решавањето на спорот за стабилноста на регионот е поента на која посочува и аналитичарот Ѓунер Исмаил.

,,Република Грција, всушност ги оправдува сите можни радикализми и сите можни радикали на Балканот да посегнуваат по радикални политички решенија.”

Со ваквиот аргумет макеоднската надворешна политика не смееше да остане инертна:

,,Освен повремените вести за тоа, дека, некаде таму, некакви наши претставници, контактирале со грчката страна, што не е ни тајна дипломатија, туку провинцијална дипломатија. Постојаното одлагање и туркање под тепих, му овозможува на нашиот јужен сосед да се занесува дека е на прагот на успех.”

Интерноста на актуелната влада за решавањето на проблемот ја препознава и некогашниот прв човек на дипломатијата Александар Димитров:

,,Практично ние не сме ја слушнале владата во последните година – две, како размислуваат да го решат или да пријдат да го решат овој актуелен спор.”


Главниот аргумент за потребата проблемот да добие приоритет без оглед на актуелните внатрешно политички случувања е според Исмаил тоа што:

,,Радикалите на Балканот секогаш добиваат храна, кога ќе видат територија, околу којашто некој генерира вакво големо проблематизирање. Додека нашите политички елити, не научат на светот јасно и гласно да им кажа дека Република Грција со ова проблематизирање на нашето постоење, всушност го дестабилизира целиот регион, ние ќе ги имаме овие проблеми и ќе имаме сериозна закана за безбедноста на целиот регион.”,
XS
SM
MD
LG