Достапни линкови

Наместо економијата, во фокусот постојано политички платформи


Македонската национална стратегија за интегрирање во Европската Унија е во завршна фаза В понеделник владата ќе расправа и за документот наречен акционен план за европски партнерства што се смета за конкретен механизам со кој Макеоднија ќе ја спроведува стратегијата за приближување до Европската Унија. Со овие два документа владата на први октомври ќе го пречека и прашалникот на европската комсија што во Скопје ќе го донесе нејзиниот сеуште актуелен претседател Романо Проди. Мотивот за неговото доаѓање не е таен. Барвме тој да дојде вели вицепремиерката Радмила Шекеринска:

„Сметавме дека на таков начин, предавањето на прашалниците, ќе биде позитивен сигнал за членство во ЕУ.“

Но освен сигналот за подршка од Брисел доаѓаат и други сигнали. Тие главно се фокусирани на предстојниот рефередумот односно на стравувањето дека тој практично ќе го стави под прашалник процесот на децентрализацијата како дел од рамковниот договор. Мислете на последиците порачува портпаролот на Европскиот претставник во Македонија Шина Томпсон:

„Локалните избори се одложуваат. Драгоценото внимание за реформи, особено на економски план ќе биде пренасочено на изборниот процес, пакетот за децентрализација се одлага. Ова се три нешта што директно ќе имаат последици врз процесот на приближување на Македонија кон европските интеграции,“

изјави Томпсон.

Упатените велат, не е прв пат, фокусот да се пренасочува од економски реформи, на политички платформи:

„Некому му е добро вака. Некој во меѓувреме многу добива и успева, таа негова агенда да ја стави на двевен ред, да и ја одземе снагата на владата да работи само или првенствено на економски реформи,“

констатира професорот Ванчо Узунов. Во врска со референдумот, тој вели, неговите ефекти не можат однапред да се предвидат, а зрелоста на граѓаните не треба да се потценува:

„Може референдумот да се претвори и во малку, една агенда, што ја има зацртано Македонија, да ја одложи за неколку месеци, меѓутоа, после тоа да произлезе од процесот, навистина зајакната.“
XS
SM
MD
LG