Достапни линкови

Предлог датум за референдумот 21 ноември, локалните избори најдоцна до 31 март


Политичките претставници во Собранието, постигнале согласност прашањето за распишување на референдум на кој граѓаните ќе се изјаснуваат во врска со територијалната органзиација да биде само констатирано, а не и да се гласа по него, соопшти Претседателот на Парламентот Љупчо Јордановски, кој и официјално ги прими обрасците со собраните грагански потписи со кои е подржана иницијатвата на Светскиот Македонски Конгрес.

„Постигнат е скоро сто настотен договор меѓу политичките партии и пратениците, само да се констатира,“

изјави Јордановски.

Иницијативата за референдум ја создаде потребата за измени и дополнувања на законот за локални избори. На вонредна седница расправајки за измените, Владата донесе одлука која ке биде доставена до Собранието, локалните избори во земјава, во иднина да се одржуваат секоја четврта година во ден недела во првата седмица од месец март. Исклучок е направен само за локалните избори кои следуваат:

„Првите наредни локални избори, како преодно решение, да се одржуваат најдоцна до 31 март 2005 година.“

соопшти министерот за правда Иџет Мемети.

Инаку 21 ноември е најприфатлив датум за одржување на референдумот за организаторот на иницијативата Светскиот Македонски Конгрес.
Во очекување на донесување на одлуката од страна на Собранието Претседателот Јордановски потенцира дека терминот кој го предлага организаторот на иницијатвиата ќе биде разгледан, но незначи дека ке биде прифатен бидејќи.

„Терминот е единстевно нешто за што во парламентот може да се расправа со амандмани, бидејќи прашањето е тоа за што се собрани 150,000 потписи и околу прашањето не може да се води расправа или да се менува.“

Со подршка на иницијативата победи вољата на граѓаните за распишување на задолжителен законодавен референдум, истакна претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров:

„180,000 избирачи застанаа зад одлуката за распишување на задолжителен законодавен референдум и очекуваме, претседателот на Собранието, според неговите дискрециони права во најбрз можен рок да ја свика седницата.“

Јордановски најави дека најверојатно измените на законот за локални избори и одлуката за распишување на референдум ќе бидат одржани иста собраниска седница која би се одржала најрано во петок оваа недела или понеделник, наредната.
XS
SM
MD
LG