Достапни линкови

Демаркацијата на македонската граница кон Косово сеуште неизвесна


За Макеоднија Косово како тема не може да ги надмине прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста . Границата која сеуште не е одбележана и со неизвеснот кога точно тоа ќе биде сторено е само една од причините. За ова да се реши генерално постои согласност меѓу Македонија и КФОР И начелна поддршка од привремените локални власти. Во оптек е идејата демаркацијата да започне по косовските локални избори во октомври. За неа во Приштина меѓу другото разговара и македонскиот министер за одбрана Владо Бучковски. Но, границата не е единственото прашање на релациите Скопје - Приштина. Со констатацијата дека недостатокот од демократски и правни институции на оваа територија се закана за стабилноста во регионот речиси сите се согласуваат. Оттаму и македонската заинтересираност за формулата стандарди пред статус:

„Каков ќе биде финалниот статус на Косово е можеби приоритетен интерес за Белград и за Приштина. Дали Косово ќе биде демократско, уредено со правен поредок? е многу поголем интерес за сите нас што сме во непосредното соседство,“

изјави во интервјуто за Радио Слободна Европа претседателот Бранко Црвенковски. Во меѓувреме со Косово и за Косово се оперира во изјавите за состојбата на границата и заканите од илегални минувања или пак влегувања на вооружени групи. Во таа смисла МВР соопштува:

„Состојбата на делот кон Косово воглавно е стабилна. Има присуство на поединци кои од Косово влегуваат во државава, но нивните активности се исклучиво од криминален карактер и не се работи за некаква терористичка закана,“

вели портпаролот Горан Павловски. Но освен политичките и безбедносни аспекти који доминираат Косово како тема има и економска димензија:

„Косово е зона на интерес за Македонија, посебно во делот на трговијата.“

вели портпаролот на макеоднското министерство за економија Гоце Пачемски. Иако, не постојат прецизни податоци се проценува дека македоското стопанство извесува стока на Косово во вредност од стотина милиони долари, за разлика од речиси симболични 5 милиони увоз.

„Косовските производители не можат да се пробијат на македонскиот пазар. Оттаму е суфицитот. Ние како економија имаме што да понудиме на Косово, на пример градежни материјали, челик, текстилни производи, прехрамбени производи,“

вели Пачемски.
XS
SM
MD
LG