Достапни линкови

Почнува конвенцијата на Републиканците


Владеачката Републиканска Партија денеска во Њу Јорк ке ја започне 4 дневната конвенција на која и формално ќе го номинира актуелниот американски претседател Џорџ Буш за нов 4 годишен мандатат во Белата Куќа. Надворешната политика и безбедноста, како и на конвенцијата на демократите, ке бидат доминантни теми, кои ке треба да го зголемат рејтингот на Џорџ Буш во тесната трка против кандидатот на демократите Џон Кери, јавува нашиот дописник Роберт Мек Махон.

Партиската конвенција на Републиканците во Њујорк е внимателно кореографирана, како и онаа на опозиционите демократи минатиот месец во Бостон. Претседателот Буш и потпретседателот Дик Чејни се двоецот кој повторно ќе се обиде да ја освои односно да остане во Белата Куќа. На конвенцијата во текот на 4 те дена ке зборуваат популарните членови на Републиканската партија, како сенаторот Џон Мек Кејн, поранешниот градоначалник на Њу Јорк Рудолф Џулијани и гувернерот на Калифорнија Арнолд Шварценегер. Буш и неговиот предизвикувач демократот Џон Кери водат тесна трка, според последното истражување на јавното мислење. Опонирањето на војната во Ирак и Бушовиот одговор на терористичката закана се меѓу главните прашања на кои се спорат демократите и републиканците, па затоа според политичкиот аналитичар од Универзитетот во Вирџинија Лари Собато нема да има големи разлики меѓу двете конвенции.

„Претседателот Буш го подели електоратот. Ако сте за Буш ќе гласате за негов реизбор. Ако сте против Буш ке гласате против него и автоматски за демократскиот кандидат. Затоа малку останува за игра на овие конвенции. Можеби 5 до 7 проценти од гласачкото тело се вистински не определени.“

Лари Сабато за Радио Слободна европа изјави дека Џорџ Буш ќе мора сега да понуди дво стран говор. Прво енергично да го одбрани неговото досие и второ да понуди план кој би имал смисла за следните 4 години. Поранешниот пишувач на говорите на Џорџ Буш, Дејвид Фрум изјави дека конвенцијата ќе му даде можност на Буш да ја зацврсти својата позиција во однос на Џон Кери. Републиканците, инаку за прв пат одржуваат конвенција во Њу Јорк град кој традиционално ги подржува демократите. Фрум вели дека партиската одлука за Њу Јорк е очекувана по нападите на 11 септември кога во овој град загинаа 2600 луѓе.

„Њујорк повеќе од се ја симболизира Америка на светот. Целиот свет ќе ја гледа конвенцијата, дури мислам и демонстрантите ќе ја гледаат. И светот ќе види што значи демократијата.“

Градските власти на Њу Јорк инаку не им дозволија на демонстрантите да одржат собир во Централ Парк за да нема оштетувања.
XS
SM
MD
LG