Достапни линкови

Според ОБСЕ, најпрвин треба да се утврди датум, па потоа владата да побара набљудувачи


Сеуште е рано да се говори за еветуално набљудување на рефередумот, изјави портпаролот на ОБСЕ Максим Филандром откако најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ обзнани дека нејзиниот лидер Никола Груевски на средба со претставници од ОБСЕ побарал нивниот оддел за демократски институции и човекови права ОДИХР да испрати набњудувачи за време на референдумското изјаснување

„Првенствено е потребно е да биде утврден датумот на одржувањето на референдумот од страна на парламентот за воопшто да може да се разговара за неговот набљудување. Потоа владата доколку сака да има таква набњудувачка мисија треба да упати официјално барање до ОДИХР. Тоа засега сеуште не е случај и навистина е прерано да се зборува,“

вели портаролот на ОБСЕ Максим Филандров.

Во меѓувреме ОДИХР својот последен извештај за испраќање набљудувачка мисија во Македонија направен во јули го фокусира на претстојните локални избори. Затоа што можноста од рефередум во подготовките на последниот извештај сеуште не беше актуелна. Проценките за набљудувањето на локалните се исти како и за претседателските што значи 28 долгорочни набњудувачи и 250 набљудувачи на денот на гласањето. Но, според опозициската ВМРО ДПМНЕ оваа бројка е недоволна за спречување на можноста од фасификат како на локалните избори, така и на рефередумот

„Во секој случај ќе треба повеќе сведоци. Бевме сведоци на места што воопшто не беа покриени, а имаше проблеми на претседателските избори,”

вели портпаролот Александар Бичиклиски. Владеачките социјалдемократи го поддржуваат барањето за набљудување на рефередумот, но убедени се дека тој ќе биде во согласност со меѓународните стандарди

„Уверени сме дека референдумот ќе биде кристално чист.”

изјави портпаролот на СДСМ Борис Кондарко. Но, опозицијата има резерви. Тие се фокусирани и на барањето за смена на првиот човек на Државната Изборна Комисија Стево Пендаровски. Тој ваквото барање го отфрли и одбива понатаму да го кометира, а ВМРО ДПМНЕ вели:

„Преку сите форми на дејствување како политичка партија, ќе бараме смена на господинот Пендаровски, ќе побараме и смена во собранието, бидејќи се сомневаме дека господинот Пендаровски ќе учествува во фалсификување на референдумот, како што тоа го направи со претседателските избори.”
XS
SM
MD
LG