Достапни линкови

Секојдневни турканици пред Заводот за вработување


Секое утро иста слика. Толпа народ од речиси 400,000 невработени во државава, чека ред пред Заводот за вработување, за пријавување на шалтерските објекти, продолжувајќи го за уште една година здравственото и социјалното осугурување. За многумина од нив пријавувањето како невработен во Заводот, е единствениот начин за остварување на правото на социјална помош пред другите институции, а со тоа и обезбедување на каква таква егзистенција, за останатите пак тој е единствената шанса и надеж дека ќе им биде пронајдена работа. Замислени лица на млади, средовечни, постари луге, сите со различна приказна раскажуваат.

„Има преку 12 години како се пријавувам. И самите гледате каква е ситуацијата во Република Македонија, не може да се вработите.”
„Десет години сум технолошки вишок.”
„Ниту еден член во фамилијата не е вработен, јас копам, што да правиме.”


Настрана од онаа реална бројка на лица кои навистина се без никаква егзистенција, постои еден голем број на лица кои се пријавуваат во заводот заради искористување на поволностите кои ги носи статусот ,,невработен,, Овој проблем повеќе пати истакнуван од надлежните во оваа институција, е една од причините за низата активности и мерки кои беа преземени за поригорозна контрола при евидентирањето на бројот на лицата кои се пријавуваат како невработени.

„Таквите лица се лицата кои работно се ангжаирани по основ на договор за дело, но и други категории лица, како оние кои имаат закупено тезги на пазарите. Тие лица не треба да бидат активно невработени лица,”

изјавува Директорот на Републичкиот завод за вработување, Миле Стоименовиќ. Сите овие лица кои фигурираат како невработени, вели првиот човек на оваа институција, вештачки го подигнуваат прагот и создаваат нереална бројка за невработеноста во
земјава.

„Таа иако е висока, таа не е мала, но не е толку голема колку што ја искажуваме. Околу 25 насто во тој регистар се лица кои вистински не бараат работа.”
XS
SM
MD
LG