Достапни линкови

Продолжува трендот на намалување на бројот на учениците


Оваа учебна година, бројот на првачиња кои се запишуваат во Училиштата, и се подготуваат за прв пат да седнат во училишните клупи, говори за алармантни податоци. Намалувањето на наталитетот, а за сметка на тоа стареењето на населението, за кој неколкупати предупредуваа од Заводот за статистика, ги покажува првите симптоми преку намалувањето на бројот на учениците. Во насока на трендот на намалување на бројот на ученици, говори загрижувачкиот податок, за дури 6 илјади запишани првачиња помалку во 2004та, во споредба со 2003 година.

„Во учебната 2002-2003 година во основното образование, биле запишани 237,581 ученик. Во учебната 2003-2004 година биле запишани 231,868 ученик.“

изјавува Мира Тодорова до Државниот Завод за статистика.

Во паника сме, намалувањето на бројот на ученици, е проблем со кој се соочуваме во последниве неколку години. Минатата година имавме 170 ново запишани ученици, а оваа година бројката изнесува 164, вели Јорданчо Здравев директор на основното Училиште Димитар Влахов од Штип:

„Во споредба со минатата година има 25 деца помалку запишани.“

Причините се ова се следни:

„Економските прилики, луѓето не се женат, не се мажат. Невработеност има.“

Проблемот со намалувањето на наталитетот, повлекува една друга реакција: Стравување за работните места мегу наставничкиот кадар, кој се покажува како вишок во услови на намален број на ученици. Ваквите објективни причини и очекувањата за можно намалување на бројот на наставниците, веке го посочуваат од Синдикакот за образование, наука и култура:

„Тоа е објективна причина за рационализација во делот на вработени во образованието, каде што е намален бројот на ученици во паралелки. Како ќе го решаваме тој проблем, треба да се договориме со Министерството и ќе го утврдиме бројот на вишок на вработени,“

изјавува претседателот на Синдикатот за образование Дојчин Цветановски. За свесноста и стравувањата кои веке владеат мегу училишните наставници, директорот на училиштетото Димитар Влахов, Здравев вели:

„Наставниците се под стрес, дали ќе останат со одделенија, дали ќе бидат прогласени за технолошки вишок, тоа се чувствува на секој чекор.“

Во Министерството за образование посочуваат дека ситуацијата со опагањето на бројот на ученици, посебно е карактеристична за внатрешноста на државава, но не го одбегнува ниту главниот град Скопје.
XS
SM
MD
LG