Достапни линкови

Меѓународната заедица е воздржана


Меѓународната заедица е воздржана и без особени полтички пораки во врска со извесното одржување на рефередумот, одложувањето на изборите и целиот процес на децентрализацијата. Причината е големиот број непознаници на кои сеуште нема конечен и конкретен одговор. На пример, рокот за собирањето на потписите сеуште не изминал. Нема официјална потврда дали воопшто и ако за кога ќе бидат одложени локалните избори затоа Што не е исто доколку тие ас еодложат за едн месец или за на пролет идната година. Со други зборови велат дипломатски извори не е исто доколку процесот на децентрализацијата со законот за територијалната организација по рефередумското изјаснување ќе започне со едномесечно или повеќемесечно задоцнување .Во меѓувреме останува подсетувањето дека
„Процесот на децентрализацијата вклучувајќи ја и ревизијата на општинските граници е суштински дел од охридскиот договор и евроталнаската интеграција на Македонија,“

вели портпаролот Бен Кремтон од канцеларијата на специјалниот европски претставник Мајкл Салин. Идентижно подсетиување доаѓа и од ОБСЕ. Најавите за рефередум се коментрираат како легитимна демократска пракса што им дава можност на граќаните да ја искажат својата воља

„Очекуваме камапања во која сите аспекти на децентрализацијата ќе бидат предмет на дискусија во една смирена и конструктивна атмосфера во која граѓаните ќе имаат можност да ја потврдат нивната евроатланска ориентација,“

вели Бен Кремтон. Портпаролот на ОБСЕ додава:

„што се однсеува до мжното учество на ОБСЕ во набњудувањето на рефередумот сеуште е рано да се зборува. ОДИХР е институцијата на ОБСЕ која треба да биде контактиртана од страна на владата,“

вели портпаролот Максим Филандров. А, за локалните избори и датумот на нивното закажување останува јасно

„Тоа се прашања во потполност во надлежност на македонскиот парламент.“,

вели Бен Кремтон.
XS
SM
MD
LG