Достапни линкови

Конференција на шефовите на дипломатиите на Движењето на неврзаните


Министрите за надворешни работи на Движењето на Неврзаните неделава одржуваат конференција во Јужна Африка. Движењето е основано во 1961 во Белград од хероите на анти колонијалната борба на Азија и Африка и светските државници како Тито, Нехру, Насер и Сукарно. Во времето на Студената Војна, Неврзаните беа организација од висок профил. Денеска кога вниманието врз нив е минимално, се поставува прашањето која е мисијата на движењето и кои се денешните лидери.

Денес за Неврзаните односно за политиката на Третиот Свет малку се знае и пишува. Тоа е можеби и поради загубениот престиж кој Движењето го уживаше за време на Студената Војна основано од големите државници - Југословенскиот Тито, Египетскиот Насер, Индискиот Насер и индонезискиот прв претседател Сукарно. Тогаш Неврзаните имаа за цел да бидат контра-тежа меѓу Западните Држави и Советскиот Сојуз. Грег Остин е експерт на независниот Лондонски Центар за надворешна политика.

„Сметам дека Неврзаните беа значајни меѓу слабите и сиромашни земји во давањето чувство на солидарност и безбедност и тоа беше еден начин на организираност како спротивставување на повеќе деструктивните политики на супер силите како Советскиот Сојуз и Соединетите Држави. Мислам дека беше важно и останува важно дури и сега кога светот не се наоѓа во ерата на значаен воен извоз туку кога сме во ерата на трговските прашања кои се многу, многу важни за земјите во развој.“

Малкумина очекуваа дека неврзаните ќе продолжат да постојат по завршувањето на студената војна. Но не само што продолжија, туку и се проширија. Сега 117 земји се членки на Движењето. Остин вели дека тие се уште имаат своја улога во светот поделен меѓу богатите и сиромашните земји. Елизабет Сидеропулос од Јужно африканскиот институт за меѓународни прашања во Јоханезбург посочува за темите на разговор на конференцијата во Јужна Африка. Тоа се долгот на Третиот Свет, трговските тарифи, но и кризата на Блискиот Исток и Ирак. Најголема фрустрација за земјите од Африка, Латинска Америка и дел од Азија е што нивните гласови не допираат во Вашингтон и другите главни центри на богатиот свет. Најголемиот проблем за Неврзаните е што тешко се доаѓа до заедничка позиција за одредени прашања. Пример е, вели Сидеропулос, што на 20 неврзани земји немаа заеднички став дури и на разговорите во рамките на Светската Трговска Организација во Канкун, Мексико.

„Со толку широко преставничко тело е многу тешко да се постигне согласност за креирање единственост во Меѓународните институции.“

Се додека тоа не се постигне на Неврзаните од надвор ќе се гледа само со мешавина на презир и љубопитност.
XS
SM
MD
LG