Достапни линкови

Експертите предупредуваат на последиците


Иницијативата за референдум за поништување на законот за територијална организација не е еднонационална и нема да предизвика контра рефередум, смета претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров:

„Ова не е граѓанска иницијатива за референдум за поделба на државата по етничка основа, туку да се спречи етничка поделба, којашто е озаконета со законот за територијална поделба предложен од коалиционата влада.“

Но, албанските политички партии не мислат така. За владеачката ДУИ таа иницијатива е еднонационална и нејзината порака е јасна:

„Целта е да се влее страв од албанската етничка заедница, самата теза дека тука постои идеја за создавање Голема Албанија, всушност не испраќа никаква друга порака, освен таа, дека ова е референдум што ги засега само Македонците,“

вели портпаролката Ермира Мехмети. ДПА на ова прашање без конкретен одговор. Тие сметаат дека и иницијативата за рефередум и актуелните изјави деновиве се потврда на политичката криза во земјава:

„Од Охридскиот договор веќе нема ништо, сега може се да очекуваме“

изјави портпаролот Сулејма Рушити. За ДУИ пак причините се побанални:

„Се наоѓаме во една повеќе или помалку предизборна атмосфера, таквите популистички и националистички идеи сеуште уживаат поддршка и може лесно да добијат поддршка кај масите кај што владее незадоволство поради не толку добрата економска ситуација.“

Но, може ли се да се објасни со предизборна атмосфера:

„Сметам дека сите овие изјави се политички крајно неодговорни изјави и овие реактивни изјави коишто доаѓаат од некои поединци од албанскиот блок.“

вели аналитичарот Ѓунер Исмаил. Тој посочува последици од ваквите изјави трпиме сите:

„Сите сме на штета, со тоа што штетата сепак на крајот на краиштата може да се случи ја плаќаат граѓаните на оваа земја без разлика на нивната етничка припадност.“

Оттаму и потребата од внимателност и одговорност на јавно искажаниот збор:

„Едноставно не смееме да се враќаме наназад и да се служиме со реториката на 19-тиот век.“
XS
SM
MD
LG