Достапни линкови

Реформи со забрзано темпо за членство во НАТО


12 години од постоењето на македонската Армија, период во кој таа од осамостојувањето па досега, се најде пред тест за успехот на територијалната одбрана во време на воениот конфликт во 2001-та, а по него Рамковниот Договор кој условува соодветна пропорицонална застапеност на етничките заеднци во неа. Реформите освен од Договорот од Охрид, во моментов со забрзано темпо се одвиваат и за остварување на аспирациите за членство на Македонија во НАТО Алијансата.

„Во следните две години ќе го заокружиме процесот на реална интеграција на припадниците на етничките заеднци, во структурите на одбраната и безбедноста што има стратешко значење за идниот развој на државата,“

изјави во рамки на денешната прослава на Денот на Армијата, претседателот и врховен командант Бранко Црвенковски.

Реформите во Армијата, а преку нив и значително зголемениот процент на вклучување на етничките заедници во неа, охрабрува и ја зајакнува довербата на граѓаните кон неа, изјавува професорот Назми Малиќи, давајки оценка за начиниот на спроведувањето на реформите:


„Граѓаните стекнуваат доверба до сите овие луѓе кои „зрачат“ со постигнување на една внатрешна стабилност на земјата.“

Реформите во АРМ, се премногу исилени и во нив сеуште владее партизацијата, констатира професор Билјана Ванковска, според која, главното прашање кое се поставува е:

„Да се направи една целосна анлазиза, каков е интересот за вклучување во воената или воопшто безбедносните професии, кај националностите,“

Во таа насока, за стекнување на довербата кон овој клучен безбедносен сегмент во државава, потребно е уште многу време,

„Една работа е да ги исфорсираме овие структурни промени, но од друга страна за да стекнете и за да вистнски овие структури го заземат своето место кај граганите, потребно е многу време“

изјавува професор Ванковска.

Промените во Македонската армија остварувајки ја главната заложба за членство во НАТО и исполнувањето на одредбите од Рамковниот Договор, треба да се подржат, но се има чувство дека тие можат да бидат и посуштински.

„Доколку се дадат критики за тоа дека реформтие се бавни, тоа се должи на фактот што и нашето општество воопшто, неможе да се пофали со некои значителни резултати и на економска сфера“

оценува професорот од Институот за одбрана и мировни студии Лидија Георгиева.
XS
SM
MD
LG