Достапни линкови

Во тек изработка на проект за прекугранична соработка


Соработката меѓу Македонија и Албанија во борбата против организираниот криминал која е оцената како одлична од двете страни, ќе се институционализира. Парламентите од двете земји ќе усвојат закон за заемна соработка во борбата против криминалот и илегалната трговија и тероризмот. Досега ресорните министерства имаат потпишано неколку билатерални договори.

,,Заеднички проблем на двете земји се илегалните преминувања на границите од страна на лица кои имаат намера да работат илегално, но и такви кои се занимаваат со криминални активности. Во тек е изработка на проект со кој прекуграничната соработка меѓу двете земји уште повеќе ќе се унапреди. Пред точно два месеци Министерството за внатрешни работи на Р Македонија и Министерството за јавен ред на Р Албанија потпишаа договори за соработка на полето на организираниот криминал, недозволена трговија, а потпишан беше и договор за реадмисија,“

изјави портпаролот на МВР Горан Павловски.

Бајрам Гостурани шеф на оделот за меѓународна соработка на граничната полиција на албанската полиција, најавува дека набрзо македонските полицајци и албанските заедно ќе вршат контрола на граничната линија

,,На посебен начин работиме за зголемување на соработката со македонската погранична полиција, за што е можно поефикасно ги спречиме недозволените активности, шферцот, илегалните минувања како и трговијата со оружје дрога и луѓе. Досегашните резултати се многу добри вршиме заеднички тренизи и имаме добра соработка во размената на информации. Ќе продолжиме така се до поставувањето на заеднички контроли на граничната линија. Според досегашната соработка, офицер албанец може да отиде на граничната линија од македонска страна и заедно да вршат контрола, истото може да го праваат и македонските полицајци.“

вели Бајрам Гостурани шеф на оделот за меѓународна соработка на граничната полиција на албанската полиција.
XS
SM
MD
LG