Достапни линкови

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Голема Албанија веќе не е шпекулација


Парламентот ги усвои законите за територијална организација и за градот Скопје, како дел од решенијата во кои вашата партија препознаваше скриени мотиви. Како гледате на ситуацијата во Македонија сега?

СДСМ ги стави партиските пред националните и државните интереси и реши да ги прифати барањата на ДУИ, кои немаат никаква врска со рамковниот договор и кои се така направени и има таква упорност зад нив, што остава отворено сомневање дека веројатно, и можно е зад тие барања да има скриени намери. Уште повеќе ако во контекст со овие барања ги ставиме и изјавите на челниците на ДУИ, во 2001 годсина, Али Ахмети за Њузвик изјави дека нивната крајна цел е освојување на територијата којашто историски била албанска, ајде да речеме, дека тоа било во спефцифични услови и да се обидеме да го заборавиме, меѓутоа вие слушнавте дека Фазли Велиу, повторно на собирот во Радуша повторно говори за за сонот за Голема Албанија и тие работат на тоа. Значи, апла, ни кажаа, и на нас и на нивните партнери во власта, дека крајната цел им е Голема Албанија во чии граници би влегол и дел од територијата на Република Македонија, тоа не е шала, тоа не е шпекулација. Но, како што гледам, тука нема многу реакции. Тој континуитет на изјави, на кои никој во СДСМ или во ЛДП не реагира, навистина загрижува, а стравувањата на народот дека зад сето тоа може да има скриени намери, се повеќе се потврдуваат. Од тој аспект треба многу внимателно да се гледа и кога спиеме треба да спиеме со отворени очи, а не и кога сме будни да ги затвораме и да не ги гледаме заканите или мрачните планови на некои радикални структури.

Велите ова е ситуација во која не треба да се спие. Што прави ВМРО-ДПМНЕ сега?

ВМРО-ДПМНЕ пружи силен отпор во рамките на можностите на една опозициона партија, најголема опозициона партија. И во рамките на демократските инструменти што ги има преку голем митинг во Скопје каде што дојдоа 30-40 илјади луѓе. Направивме притисок врз власта, но тие продолжија да го тераат она што го имаа зацртано, ние понатаму помагаме иницијативата на Тодор Петров ако може да успее, за референдум со којшто би се вратиле претходните 123 општини.

Пред влегувањето на законите во парламентот застанавте зад незадоволството на граѓаните со организирање протести. Во план ли е одржување нови?

Во иднина ќе дадеме информации поврзани со тоа.

Во делот на собирање потписи за референдум дел од блокот опозициски партии ве обвини за намерно минирање на иницијативата. Ја минирате ли господине Груевски таа иницијатива, или пак можеби немате доволно влијание врз партиското членство, како што од друга страна опозицијата гледа врз вашето ангажирање?

Не е ниту едното, ниту другото. На прес конференција господин Петров кажа дека е максимално задоволен од она што го прави ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на неговата иницијатива.

Но, колку вие лично сте задоволен од она што вашите активисти го сработиле на теренот?

Причина за бавното собирање потписи, освен тоа што се наоѓаме во сезона на годишни одмори и што гласачкото тело е во голема апатија поради економската криза, е и стравот од бркање од работа, губење на бизниси и други реперкусии наметнати од владејачката партија, која покажува силен тоталитаризам во земјава. Од друга страна, вели тој, има и силни опструкции од страна на власта, преку затворање на местата каде што граѓаните треба да се потпишат. Ние имаме целосна работа на теренот, максимално се дава се од себе, а и помалите партии придонесуваат во рамките на своите можности. Тоа што можеме да го направиме, ние го правиме. Останува и на граѓаните.

Спроти притоскот за кој зборувате дека власта го врши врз граѓаните, може да се слушнат и забелешки на сметка на капацитетот на опозицијата. Во извештајот на МКГ беше изнесена оценка дека македонската опозиција е слаба, како вие гледате врз капацитетот со којшто располага и којшто го демонстрира опозицијата во Македонија?

Мислам дека некои гласини дека опозицијата е слаба и не се лоши, затоа што тоа е добра шанса да изненадиме на изборите коишто доаѓаат. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ работи и живее под полна пареа, имаме од време на време удари. Имавме еден во декември-јануари, сега уште посилен со отворањето на ВМРО-Народна во мај, но оваа партија на некој начин ја носи таа судбина и најчесто излегува посилна од тоа.

Но, колку одделувањето на членови на ВМРО-ДПМНЕ влијае врз идентитетот на партијата, односно зошто тоа и се случува на партијата?

Идентитетот на ВМРО-ДПМНЕ не може да се наруши така лесно. Без разлика што некои пратеници имаат различно мислење. Нивниот мандат ќе истече, а ВМРО-ДПМНЕ уште долги децении и стотици години ќе биде во врвот на политичката сцена и најчесто на власт во Република Македонија. Меѓутоа, навистина е интересно прашањето зошто на ВМРО ДПМНЕ постојано му се случуваат некои работи и кои се мотивите за тоа. Интересно за анализа е и прашањето зошто господин Георгиевски по една година доби силен мотив да се инволвира во одлуките на раководството и ако неговите препораки не се прифатат, зошто тој толку упорно оди кон, на некој начин, формирање нова партија и вадење на едно делче од членството на ВМРО-ДПМНЕ, правење проблеми, турбуленции. Но, времето ќе си го каже и тоа.


Како гледате на соработката со Георгиевски кој застана зад иницијативата за собирање на референдум. Како гледате врз можноста Георгивски за време на изборите да излезе на теренот?

Ако сака да излезе може да излезе, нема никаков проблем. Инаку, за референдумот тој даде изјава дека го поддржува и убаво што го направи тоа. Тој е сеуште член на ВМРО-ДПМНЕ. Кога ќе стане член на ВМРО-Народна, или претседател, тогаш од тој аспект ќе разговараме за тоа. Ако излезе на локалните избори, односно, ако веќе излегува од ВМРО-ДПМНЕ и оди во ВМРО-Народна, логично е да излезе на локалните избори и му посакувам среќа.

Имате ли впечаток дека го победувте поранешниот лидер во дуелот? Изјавивте, дека тој ви забодел нож во грб?

Тоа што го реков е така. Тука нема победник или поразен, јас го реков тоа затоа што е така. ВМРО-ДПМНЕ продолжува, до освојување на парламентарната власт.

Каква е соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и блокот опозициски партии на македонските Албанци?

Во овој период нема некоја посебна соработка, особено што за некои актуелни прашања имаат дијаметрално спротивни ставови. Меѓутоа, Македонија е држава во која е вообичено во власта да има и партии од албанскиот блок, така што ние не бегаме од тоа.
XS
SM
MD
LG